31.05.2018

Курс за инструктори во Центарот за индивидуална обука

Во период од 02.05.2018 до 31.05.2018 година во Центарот за индивидуална обука во Командата за обука и доктрини (КОД) се реализираше Курс за инструктори 1-18. Курсот го посетуваа подофицери, припадници од единиците на Армијата на Република Македонија.

 

Во изминатите дваесетина дена слушателите на курсот преку практична работа имаа можност да се оспособат за непосредно изведување обука на подофицери и професионални војници. Во процесот на обуката идните инструктори се стекнаа со знаења, вештини и техниките за поквалитетен пристап кон обуката.

 

За време на церемонијата со која се означи завршетокот на курсот, Заменикот на командант на Центарот за индивидуална обука и главниот подофицер на КОД на слушателите им посакаа успешна работа како и имплементирање на стекнатите знаења во своите единици.

 

На тројцата најдобри слушатели им беа доделени пофалници, а на најдобриот слушател на курсот, за особено залагање и постигнати резултати, му беше доделена монета од Главниот подофицер на АРМ, која му ја додели Главниот подофицер на КОД.