09.03.2018

Свеченост по повод давање заклетва на војниците на доброволно служење воен рок

Во касарната „Алексо Демниевски-Бауман” во Велес се реализираше воена свеченост по повод давање заклетва на триесет и четвртата генерација војници на доброволно служење воен рок.

 

На свеченоста присуствуваа претставници од командите и единиците на АРМ, претставници од Министерството за одбрана, претставници од локалната самоуправа, роднини на војниците и други гости.

 

Во своето обраќање кон војниците, командантот на Центарот за индивидуална обука, потполковникот Арбен Јакупи, порача дека во наредниот период им претстои напорна работа во совладувањето на планираните содржини од обуката. Тој посочи дека со служење на воениот рок се отвора можноста за надградба во воената професија и се креира база за понатамошна селекција во професионалниот состав на Армијата на Република Македонија.