23.02.2018

Обука на подофицери во соработка со НАТО/МТТ

Во период од 19-23.02.2018 година во касарната „Алексо Демниевски - Бауман“ во Велес, реализирана е обука од страна на НАТО мобилен тренинг тим за обука (МТТ). 

 

На предавањата кои ги изведоа сертифицирани предавачи од НАТО/МТТ за обука, присуствуваа подофицери од Армијата на Република Македонија и истите се стекнаа со нови знаења и искуства кои во иднина ќе имаат можност да ги имплементираат во редовите на своите единици.

 

Согласно програмата, предавачите ја реализираа предвидената обука, а како позначајни теми би ги издвоиле: Ефективна комуникација, Лидерство, Советувања, Етничка културна разновидност, Родова рамноправност и други теми.

 

За време на престојот членовите од НАТО МТТ имаа можност да се запознаат и со културно историските обележја на општина Велес.

 

На завршетокот на активноста присуствуваше и главниот подофицер на АРМ, кој во своето обраќање посочи дека овие заеднички обуки се од особено значење за стручноста и оспособеноста на подофицерите и дека во наредниот период ќе продолжат во поголем интензитет. На учесниците им беа доделени сертификати за успешно реализирана обука, а како знак на пријателство и понатамошна соработка на НАТО МТТ им беше доделена Спомен плакета на Командата за обука и доктрини.