21.02.2018

Завршеток на Борбено штабен курс за подофицери во Командата за обука и доктрини

Во период од 22.01.-21.02.2018 година, во Центарот за индивидуална обука од составот на Командата за обука и доктрини се одржа Борбено штабен курс за подофицери.

           

За време на реализација на обуката слушателите имаа можност да се запознаат со функционалните должности и одговорности на штабните подофицери и да се запознаат со местото и улогата на подофицерите во процесот на донесување на воена одлука. Обуката беше реализирана од инструктори кои своите знаења и искуство успешно ги пренесоа на слушателите. По завршување на курсот слушателите со ново стекнатите знаења ќе бидат оспособени за работа во штаб на ниво на баталјон-бригада и истите ќе имаат можност да ги применат на новите должности.

 

Планираната настава заврши со испит на кој се провери стекнатото знаење на слушателите.

 

За време на свечениот завршеток на тројцата најдобри слушатели им беа доделени пофалници, а на најдобриот слушател на курсот за особено залагање и постигнати резултати му беше доделена монета од Главниот подофицер на АРМ, која во негово отсуство му ја додели главниот подофицер на Центарот за индивидуална обука.