30.11.2017

Посета на Командата за обука и доктрини од страна на делегација од МО на Црна Гора

Денес во Командата за обука и доктрини (КОД) реализирана е посета од страна на делегација од Министерството за одбрана на Црна Гора, согласно планот за соработка со Министерството за одбрана на Црна Гора за 2017 година во врска со „Експертски разговори од областа на човечките ресурси, размена на искуства околу доброволно служење на воениот рок.

 

За време на посетата, реализирана е презентација за основната борбена обука на војниците на доброволно служење на воениот рок, а воедно се разменија и искуства за одредени активности околу доброволното служење на воениот рок како и за размена на инструктори помеѓу двете армии.

 

Како резултат на работната посета и разменетите искуства со цел продолжување на соработка, гостите изразија огромно задоволство од приемот во КОД.