17.11.2017

Акција за доброволно дарување крв во КОД

Денес, 17.11.2017 година во касарната „Алексо Демниевски - Бауман“ во Велес се реализираше акција за доброволно дарување на крв.

 

Во оваа прилика, припадниците на КОД од касарната во Велес уште еднаш на дело ја покажаа својата хуманост и човечност со масовно учество во оваа акција. Покрај вработените во КОД, во акцијата учествуваа, новодојдените војници на доброволно служење на воен рок и останатите единици сместени во касарната.