26.10.2017

Посета на Командата за обука и доктрини од страна на ВС на Р. Србија

Во Командата за обука и доктрини (КОД) реализирана е посета од страна на Командата за обука на ВС на Р.Србија, предводена од заменикот командант на Командата за обука  на ВС на Р. Србија, согласно планот за билатерална соработка за 2017 година. 

 

Целта на посетата е запознавање на делегацијата со можностите и капацитетите на КОД, со цел согледување на активностите за понатамошна соработка, како и размена на искуства и научени лекции од досегашното работење, надградување и зацврстување на капацитетите, можностите и способностите на двете единици.

 

За време на посетата, реализирани се презентации за мисијата, организацискко формациска структура на КОД и Центарот за подршка на обуката, по што делегација имаше можност и со лично присуство на АП „Криволак“ да ги посети и разгледа капацитетите и можностите на Центарот за поддршка на обуката (ЦПО).

 

Како резултат на работната посета разменети се искустава за одредени области со цел идна можна соработка, при што гостите изразија огромно задоволство од приемот во КОД и обезбедените услови за непречено реализирање на активноста.