31.10.2017

Реализација на обука во Центарот за симулации

Во просториите на Центарот за симулации во Командата за обука и доктрини, во рамките на подготовките на Центарот за симулации за ставање во оперативна употреба, се реализира обука за оператори со симулациската платформа JCATS (Joint Conflict and Tactical Simulation) на која учествуваат  подофицери од единиците на АРМ.

 

Како заокружување на успешната обука последните два дена се реализира компјутерски асистирана вежба со единици со јачина на чета, каде се изведени симулациски офанзивни и дефанзивни операции.

 

Со развојот на овој проект и обука на поголем број оператори, Армијата на Република Македонија ќе добие најсовремен Центар за симулации и професионален кадар, кој со помош на компјутерски асистирани вежби ќе дава поддршка на единиците и командите на АРМ.