06.09.2017

 

Посета на Центарот за индивидуална обука од страна на инструктори од НГ на Вермонт, САД

Во период од 31.08-06.09.2017 година, во Центарот за индивидуална обука во Командата за обука и доктрини, реализирана е посета од страна на двајца инструктори од Националната гарда на Вермонт, САД.

 

Цела на посетата е запознавање, размена на искуства и надградување на научените лекции за развој на обуката за подофицери. За време на реализација на заедничката обука со инструктори од КОД, инструкторите од НГ на Вермонт  имаа можност да се запознаат со организација и реализација на курсевите во КОД, а воедно имаа можност и лично да присуствуваат на курсеви кои во моментот се реализираат во единицата.

 

Во наредниот период како продолжување на заедничката активност, претставници од Командата за обука и доктрини ќе присуствуваат на заедничка обука за развој на подофицери во Бурлингтон, Вермонт, САД каде што ќе имаат можност да се запознаат со организацијата и реализацијата на курсевите во Армијата на САД, а со тоа да ги надградат веќе постоечките и да се стекнат со нови знаења.