18.08.2017

 

Прослава по повод одбележување на „18 Август“ Денот на Армијата на Република Македонија и јубилејот 25 години од формирањето на АРМ

На ден 18.08.2017 година во касарната „Алексо Демниевски - Бауман“ во Велес се одржа свечен собир на вработените по повод одбележување на 18 Август – Денот на АРМ и јубилејот 25 години од формирањето на АРМ. На свечениот собир присуствуваа вработени во касарната и поканети гости од локалната самоуправа и државните институции и здруженија на Велес.

 

Пред почетокот на свеченоста по повод Денот на АРМ делегација предводена од Командантот на КОД, полковник Љубенчо Петровски положи свежо цвеќе пред бистата на Алексо Демниевски Бауман.

 

За време на свеченоста во своето обраќање пред присутните гости полковникот Љубенчо Петровски ја истакна важноста и поврзаноста на овој ден со нашата богата историја, а воедно ги потсети присутните на историските настани и на годините на раст и развојот на АРМ. При тоа истакна дека денес КОД претставува расадник на индивидуално оспособен персонал за новите предизвици и постојано ги осовременува програмските содржини.

 

На свеченоста беа прочитани наредбите за унапредување и стимулативните мерки за припадниците од гарнизонот Велес.

 

За успешна соработка со органите на локалната самоуправа на Велес командантот на КОД им врачи благодарници на Ветеринарната амбуланта во Велес и Секторот за внатрешни работи.