20.07.2017

 

Примопредавање на должност командант на центарот за индивидуална обука (ЦИО) во командата за обука и доктрини

Во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес се одржа свеченост по повод примопредавање на должност командант на Центарот за индивидуална обука (ЦИО) во Командата за обука и доктрини (КОД). Должноста командант на ЦИО од потполковник Газменд Абдиу ја прими потполковник Јакупи Арбен. Потполковникот Јакупи Арбен досега ја извршувал должноста како упатен Штабен офицер за ПзМ копнени вежби и операции во секцијата за воена соработка во Здружената команда на Сојузнички сили, во Неапол, Италија.

 

На свеченоста присуствуваа Командантот на КОД, полковник Љубенчо Петровски и претставници од Командата за обука и доктрини. Командантот на КОД одржа пригоден говор во кој беа упатени честитки за работата на досегашниот командант потполковник Газменд Абдиу како и за постигнатите резултати заедно со персоналот, во реализација на суштинските задачи во мисијата на ЦИО, а на новиот командант му посака да продолжи со успеси во извршување на задачите како што тоа го постигнуваа неговите претходници.

 

Во своето обраќање, новиот командант на ЦИО потполковник Јакупи Арбен изјави дека ќе продолжи со успеси и ќе се залага за остварување на што подобри резултати на единицата.