21.07.2017

 

Акција за доброволно дарување крв во КОД во пресрет на одбележување на 18-ти Август, Денот на АРМ

Согласно програмата за одбележување на 18-ти Август, ден на Армијата на Република Македонија, денес, во касарната „Алексо Демниевски - Бауман“ во Велес се реализираше акција за доброволно дарување на крв.

 

Во оваа прилика, припадниците на КОД од касарната во Велес уште еднаш на дело ја покажаа својата хуманост и човечност со масовно учество во оваа акција. Покрај вработените во КОД, во акцијата учествуваа, новодојдените војници на доброволно служење на воен рок и останатите единици сместени во касарната. 

 

Ова е втора од серијата акции за доброволно дарување крв која Командата за обука и доктрини планира да ги реализира оваа календарска година, година во која АРМ ја одбележува јубилејната 25 годишнина од нејзиното формирање.