10.05.2017

 

Инспекциски тим на специфицирана област согласно „Виенски документ 2011“ во Командата за обука и доктрини

Денес, 10 мaj 2017 година во Командата за обука и доктрини (КОД) реализирана е инспекција на специфицираната област согласно одредбите на „Виенски документ 2011“ од страна на инспекторски тим на ВС на Република Турција.

 

За време на престојот во КОД, инспекторскиот тим беше придружуван од страна на ескорт тимот од Одделението за верификација и контрола на вооружувањето во Министерството за одбрана на Република Македонија.

 

Во текот на работниот состанок, инспекторскиот тим имаше можност да изврши согледување на состојбата на специфицираната област преку презентациите за КОД, Центарот за поддршка на обуката и АП „Криволак“ и воедно да се запознае со мисијата, задачите, кратката историја на единицата, локацијата на КОД и нејзините потчинети единици, организациско формациската структура на овие единици, како и со капацитетите и можностите на Центарот за поддршка на обуката и АП „Криволак“.