04.05.2017

 

Почеток на Борбено штабен курс за подофицери во Командата за обука и доктрини

На 4 мај 2017 година во Центарот за индивидуална обука започна Борбено штабен курс за подофицери (БШКПОФ 1-17). Курсот го посетуваат подофицери припадници од единиците на Армијата на Република Македонија.

 

Целта на Борбено штабниот курс за подофицери е преку реализацијата на планираната обука слушателите подофицери да се обучат и оспособат за работа во штаб на ниво на баталјон – бригада.

 

Во текот на обуката слушателите на Борбено штабниот курс ќе се запознаат со: организацијата на штаб на ниво баталјон - бригада, функционалните должности на подофицерите во штабот, процесот на донесување на воени одлуки на ниво баталјон – бригада како и давање на поддршка на офицерите во овој процес.

 

Обуката на Борбено штабниот курс за подофицери, овозможува слушателите да ги надградат веќе постоечките и да се стекнат со нови знаења. Со завршување на курсот подофицерите во иднина ќе можат полесно да се адаптираат на новите штабни должности.