07.04.2017

 

Спортски натпревари по повод одбележување на 15. април - Денот на Командата за обука и доктрини

Согласно програмата за одбележување на денот на Командата за обука и доктрини (КОД), денес на 07.04.2017 година во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ се реализираа спортски натпревари во три дисциплини: мал фудбал, пинг понг и шах. За победниците во натпреварувањата обезбедени се дипломи кои свечено ќе им бидат доделени за време на централната прослава по повод одбележување на „15 април - Денот на Командата за обука и доктрини“.

 

Освен припадниците од потчинетите единици на КОД, на овој спортски настан учество зедоа и екипи од: локалната самоуправа на градот Велес, подрачната единица на министерството за одбрана од Велес и секторот за внатрешни работи - Велес.

 

Со оваа активност уште еднаш покажавме дека спортот во Армијата  претставува значаен сегмент во обуката, но исто така, дека низ различните форми и содржини претставува значајна алатка за развивање на пријателството и соработката со локалните власти и институции.