06.04.2017

 

Инспекциски тим на специфицирана област согласно „Виенски документ 2011“ во Командата за обука и доктрини

На 5 април 2017 година во Командата за обука и доктрини (КОД) реализирана е инспекција на специфицирана област согласно одредбите на „Виенски документ 2011“ од страна на инспекторски тим на Република Словенија со гости инспектори од Република Хрватска и Романија.

 

За време на престојот во КОД, инспекторскиот тим беше придружуван од страна на ескорт тим од Одделението за верификација и контрола на вооружувањето во Министерството за одбрана на Република Македонија.

 

Во текот на работниот состанок, инспекторскиот тим имаше можност да се запознае со состојбата на специфицираната област преку презентации за КОД, Центарот за поддршка на обуката и АП „Криволак“. Во тој контекст, инспекцискиот тим се запозна со мисијата, задачите, кратката историја на единицата, локацијата на КОД, организациско формациската структура, активностите и состојбите кои се однесуваат на одредбите од „Виенски документ 2011“.