14.02.2017

 

Практична настава: обука во зимски услови – скијање

Во период од 31.01-11.02.2017 година на скијачките терени на спортско рекреативниот центар „Колашин“ во Црна Гора, со питомците од втора година од Центарот за обука на питомци (ЦОП) се реализираше практична настава: обука во зимски услови – скијање. Оваа активност се реализираше согласно планот за билатерална соработка за 2017 година меѓу Министерствата за одбрана на Република Македонија и Црна Гора.

 

Целта на обуката во зимски услови е питомците да се обучат во скијање и во начините на преживување во зимски услови. Како побитни активности од обуката можат да се издвојат:

  • изработка на засолништа од снег;
  • основни техники на скијањето (смук право, кос смук, странично одлизгување, плужење, плужно вртење);
  • основни техники на нордиско трчање итн.

Кон крајот на обуката се реализираше натпревар во скијање - Слалом на кој питомците ги искористија научените методи и техники во скијање. Овие активности имаат улога во развивањето на натпреварувачкиот дух на питомците, а на тројцата најдобри питомци им беа доделени медали и дипломи.