11.04.2017

 

Најдобар учесник на меѓународниот „Курс за млади командири и лидерство“

Во периодот од 5 март до 1 април 2017 г. во Вишков, Република Чешка, припадникот на Баталјонот за почести, поручникот Албјонд Оџа, учествуваше на меѓународниот „Курс за млади командири и лидерство“ (Junior Command and Leadership Course).

 

На овој курс беа реализирани и совладувани теми од тактичка обука како што се патрола, заседа, реакција на контакт и извлекување од контакт, урбани тактички операции итн.

 

Според покажаното залагање и резултати припадникот на Армијата на Република Македонија беше избран за најдобар студент помеѓу триесет курсисти, припадници на Вооружени сили од десет земји.