
Мисија:
Планирање, организирање, координирање и извршување на логистичка поддршка на командите и единиците на Армијата на II и III рамниште.
Задачи:
- Планирање, организирање, координирање и извршување на логистичка поддршка во следните функионални области:
– Снабдување;
– Одржување и поправка;
– Движење и транспорт;
– Медицинска и ветеринарна поддршка;
– Инфраструктура и услуги.
- Менаџмент со материјалите од сите класи на снабдување за потребите на командите и единиците на Армијата;
- Чување и одржување на материјални резерви за Армијата според утврдени критериуми;
- Зајакнување на логистичките капацитети на единиците на Армијата при изведување на обука, работа во теренски услови, борбено ангажирање и учество во мисии;
- Координирање на поддршката на сојузничките сили кои транзитираат или се задржуваат на територијата на Републиката;
- Извршување на логистичка поддршка за потребите на органите на управата и органите на локалните самоуправи, организации, здруженија и др. ( во посебни услови и по посебни наредби и упатства).
Полковник Мухарем Мухареми
Полковник Мухарем Мухареми е роден на 9 октомври 1976 година во Тетово. По завршување на средното образование во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, во период од 1991 до 1995 година, продолжува со воено образование во Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“, Скопје во период од 1995 до 1999 година, како дел од првата генерација на офицери кои се школувани во државата, а потоа и Постдипломски Студии – Школа за Командни и Штабни должности, 2005-2006 година и Школа за национална одбрана – НАТО колеџ во Рим – Р. Италија во 2013 година.
Воената кариера ја започнува како Командир на караула Попова Шапка во 1999 година. Во досегашната негова кариера извршува повеќе командирски, штабни должности на ниво баталјон/бригада и командантска должност. Активно го користи англискиот јазик. Брачна состојба: оженет и татко на едно дете.
Има завршено повеќе курсеви од областа на штабни должности во меѓународни штабови, оценувања на декларирани единици, планирање на меѓународни вежби и други.
Дел од завршените курсеви се следниве:
- МПРИ Курс во Куманово 1999 година;
- Курс по англиски јазик, во Скопје 2004 година;
- Курс по англиски јазик во Канада, 2005 година;
- Курс за контрола на вооружување, во Анкара, Р. Турција 2008 година;
- Курс за ОСС, во Пепелиште 2008 година;
- Основен курс за LOGREP, Скопје, 14.-18.09.2009 година;
- Курс за воени набљудувачи во рамки на ОН во Анкара, Р. Турција 2009 година;
- Курс за антитероризам, во Кабул, Р. Авганистан, 2009 година;
- Курс за НАТО планирање на операции, во Штип 2011 година;
- Курс за штабни должности во баталјон, Скопје 2012 година;
- Курс за Медиа Тренинг, Скопје 2014 година.
Учествува на повеќе меѓународни вежби надвор од Републиката како што се вежбите „Rapid Trident“ во Украина во 2008 година, меѓународна вежба „Noble Light“ во Истанбул, Р. Турција во 2011 година и меѓународна вежба „VIKING“ во Шведска во 2014 година.
Во својата кариера има и две меѓународни мисии во Авганистан како Штабен офицер HQ ISAF во Кабул Р. Авганистан во период од 2009 до 2010 година и Командант на контингент – HQ ISAF во Кабул Р. Авганистан во 2012 година.
Повеќе пати е наградуван и пофалуван, меѓу кои позначајни се:
- Пофалница од Командант на 2.пбр;
- Сребрена значка за долгогодишна служба во Армијата;
- НАТО медал за учество во мисија ISAF во 2010 и 2012 година;
- Пофалница од Командант на BSG во Кабул, Р. Авганистан, во 2012 година;
- Парична награда од НГШ во 2019 година.
Претходни должности:
- Командир на караула Попова Шапка 1999 година;
- Командир на караула Јажинце, 2000 година;
- Командир на противоклопен вод Тетово, 2003 година;
- Командир на чета Тетово, 2004-2006 година;
- Началник на Штаб и заменик на командант на механизиран пешадиски баталјон, 2006-2013 година;
- Командант на 3.логистички баталјон Скопје, 2013-2015 година;
- Началник на Штаб во брЛП, 2015-2017 година;
- Заменик командант на брЛП, 2017-2019 година;
- Командант на брЛП, 02.2019-2020 година;
- Командант на Логистичка База 02.2020 година.
Унапредувања:
- Потпоручник 1999-2000 година;
- Поручник 2000-2004 година;
- Капетан 2004-2009 година;
- Мајор 2009-2013 година;
- Потполковник 2013-2017 година;
- Полковник 2017 година.
Потполковник Киро Стојанов
Потполковник Киро Стојанов е роден на 4 април 1969 година во Струмица. Средно образование завршил во ОСВШ „Братство-Јединство“ во Белград. Школувањето го продолжува на Воената Академија на КоВ во Белград, по што е произведен во чин потпоручник.
Воената кариера ја започнува како Командир на интендантски вод во 4.мпбр. Во досегашната негова кариера извршува повеќе командирски, штабни и командни должности на ниво баталјон/бригада, а од 20.02.2019 година е поставен за заменик на командантот на брЛП.
Има завршено повеќе семинари и курсеви од областа на логистиката, меѓу кои Семинар за операции на центар за управување со материјали и Центар за контрола на движење, Семинар за Доктрина на логистички системи, Курс за менаџмент со материјалите во одбрана во Монтереј, САД. Учество во активност „должност во сенка во Баталјон за поддршка на бригада при реализација на годишна вежба на бригада од резервниот состав во Вермонт, НАТО ориентационен курс за логистика, Анкара, Р. Турција, Семинар за легални аспекти на борбата против тероризмот – подготовка за мисија во Авганистан, Семинар за планирање на оперативна логистика во Скопје, НАТО курс за поддршка од земјата-домаќин, Курс за НАТО логистика, Курс за НАТО оперативно планирање на движење и логистика, „Multicriteria decision making“.
Исто така, учествувал на повеќе воени вежби во Републиката и странство како штабна вежба „Водно-03“, вежба „Македонски блесок 11“, логистички вежби „Capable logistician-15“ во Р. Унгарија и „LOGDEV 19“ во Р. Грузија.
Активно го користи англискиот јазик STANAG 3.2+,2+,2+.
Брачна состојба: оженет и татко на едно дете.
Претходни должности:
- 1992-1996, Командир на интендантски вод/4.мпбр;
- 1996-1998, Офицер за обезбедување во вод за обезбедување на Врховен командант;
- 1998-2000, Командир на одделение во вод за обезбедување на Врховен командант;
- 2000-2001, Командант на интендантски склад во Логистичка база;
- 2001-2006, Офицер за менаџирање со класа 2 и 4 во Команда за логистика;
- 2006-2007, Началник на Штаб и заменик на командант на логистички баталјон-КЛП;
- 2007-2012, Командант на логистички баталјон во КЛП;
- 2012-2014, Началник на С-5/9 во брЛП;
- 2014-2015, Началник на одделение за инфраструктура и заштита при работа/Ј-4 ЗОК;
- 2015-2016, Офицер за снабдување со класа 1/Ј-4/ГШ на АРМ;
- 2016-2017, Началник на интендантска служба во Ј-4/ГШ на АРМ;
- 2017-2019, Началник на Штаб во брЛП.
Унапредувања:
- Потпоручник 1991-1992 година;
- Поручник 1992-1996 година;
- Капетан 1996-2001 година;
- Капетан 1 класа 2001-2003 година;
- Мајор 2003-2007 година;
- Потполковник 2007 година.
Главен наредник Сашка Кнежевиќ
Главен наредник Сашка Кнежевиќ е родена 1979 во Скопје. По завршување на средното образование Природно-математичка/Гимназија „Никола Карев“ ССС IV степен во Скопје, продолжува со воено образование, го завршува Основниот курс за подофицери (ОКПОФ) од 2003-2004 година во Команда за обука и доктрини (КОД) во Велес. Воената кариера ја започнува како подофицер за снабдување во 1/1/2.мпбр,Тетово на служба во АРМ. Во досегашната кариера извршувала должности на ниво чета, баталјон, бригада, а од 2015 година е поставена за Главен подофицер.
Има завршено повеќе курсеви меѓу кои:
- Курс за комуникациски вештини и односи со јавноста, МО на Р.М, Регионален тренинг центар за комуникации, Скопје;
- Борбено штабен курс за подофицери (БШКПОФ)- Команда за обука и доктрини (КОД), Велес;
- Курс за биометриска идентификација при операции за подршка на мирот -Кабул- ИР.Авганистан и други.
Учествувала на воена вежба „Македонски Блесок-08“, 2011 година, Криволак и на меѓународна обука „8-ми меѓународен подофицерски камп од земјите на НАТО и ПзМ“ 2016 година, Мали Лошињ, Р.Хрватска, а во текот на 2007 година и 2014 година учествува во ротација во мисијата ISAF, Кабул, ИР Авганистан.
Во надградување на военото образование има завршено подофицерска академија – Висока школа за подофицери во военото училиште „др. Фрањо Туѓман“, 2019-2020 година, Загреб, Р. Хрватска.
Повеќе пати е наградувана и пофалувана, меѓу кои позначајни се: пофалница од Министер за одбрана, најстар национален претставник во мисијата ISAF 2014 год, командант на Здружена оперативна команда, наградни отсуства од Министер за одбрана, командант на бригада, командант на баталјон. Одликувана е со NATO Non – article 5 медал во 2007 година и 2014 година, Кабул, Р. Авганистан, прво рангиран подофицер на Борбено штабен курс, Команда за обука и доктрини (КОД), Велес;
По завршување на Високата школа за подофицери во Загреб. Р. Хрватска 2020 година, прогласена е за една од најдобрите студенти за што е одликувана со „Бронзен медал за извонредност во школувањето„ од страна на НГШ на Вооружените сили на Р.Хрватска адмирал Роберт Храњ. Познавање на јазици: англиски, хрватски и српски.
Брачна состојба (мажена, три деца).
Претходни должности:
- подофицер за снабдување во 1/1/2.мпбр од 2004-2006;
- подофицер за снабдување С-4 3/1.мпбр, 2006-2015;
- главен подофицер во Бригада за логистичка поддршка/Логистичка база, 2015.
Унапредување:
- водник 2004-2007
- постар водник 2007-2011
- постар водник 1 класа 2011-2015
- наредник 2015-2019
- главен наредник 2019
Мајор Зоран Василески
Мајор Зоран Василески е роден во 1974 година во Прилеп.
По завршување на средното економско образование во Прилеп, а потоа и на високо образование на Економски Факултет во Прилеп кој го завршува во 1997 година и продолжува на последипломски студии кои ги завршува во 2015 година. Во текот на 1999-2000 година го оформува и военото образование на Воена Академија „Генерал Михаило Апостолски” – Скопје. Од 2019 година е докторант на Институт за безбедност, одбрана и мир при Филозофски Факултет – Скопје.
Воената кариера ја започнува како Командир на вод и воедно заменик командир на наставна чета во Ѓорче Петров,Скопје. Во досегашната негова кариера извршува повеќе штабни должности на ниво баталјон, а од 2018 година поставен е на должност Офицер за односи со јавност во Бригадата за Логистичка Поддршка.
Има завршено повеќе курсеви од областа односи со јавноста, CIMIC курсеви, повеќе курсеви за изучување на странски јазици. Учествувал на повеќе вежби во земјата и тоа: вежбите „Македонски Блесок 5, 6, 7, 8 и 14“, „Одлучен удар“ и „REGEX“.
Активно го користи англискиот јазик.
Унапредувања:
- Поручник 2000-2004 година;
- Капетан 2004-2016 година;
- Мајор 2016 година.
Странски јазици:
- Англиски јазик – напредно ниво;
- Италијански јазик – А 2 ниво;
- Француски јазик – DELF А 2 ниво.
- Бригада за логистичка поддршка, 2012 година;
- Команда за логистичка поддршка, 2005 година;
- Команда за логистика, 2001 година;
- Логистичка база на КоВ, 1996 година;
- Заднинска база на КоВ, 1993 година;
- 1 Заднинска база, 1992 година.