
Мисија:
Обезбедува комуникациско-информатичка поддршка за команда и контрола на стратегиско и оперативо ниво. Со стационарен и мобилен дел обезбедува поврзување помеѓу командите и единиците. Во случај на природни и други несреќи обезбедува непрекината работа на комуникациски и информацискиот систем (КИС).
Задачи:
- Планирање и организација;
- Планирање и употреба;
- Планирање и спроведување на обука и вежби;
- Планирање и спроведување персонален менаџмент;
- Разузнавање, контраразузнавање и безбедност;
- Логистичка поддршка;
- Организација и подготовка на КИС;
- Планирање на финансиски средства;
- Цивилно воена соработка.
Потполковник Илија Дамчевски
Потполковник Илија Дамчевски е роден во 1975 година во Скопје. По завршување на основното и средното образование во Скопје, продолжува со воено образование на Воената Академија „Генерал Михајло Апостолски“ во Скопје. Воената кариера ја започнува како командир на вод за врски во АРМ. Во досегашната кариера извршува повеќе командирски и штабни должности на ниво баталјон и штабни должности во Генералштабот на Армијата, а од 2018 година е поставен за командант на баталјон за врски. Има завршено повеќе курсеви од областа на комуникациски вештини и информациски системи, курсеви по англиски јазик, штабни и други курсеви. Учествувал на повеќе вежби во земјата и странство („Combined Endeavor“, „Phoenix Endeavor“,„Cyber Endeavor“). Во текот на 2012 година учествува во мисијата „ИСАФ“ во ИР Авганистан, а од 2014/2015 во мисијата „ИСАФ/Одлучна поддршка“ во ИР Авганистан. Во надградувањето на образованието има завршено магистерски студии на Институт за национална историја во Скопје. Повеќе пати е наградуван и пофалуван, меѓу кои позначајни се: пофалници од командант на полк за врски и министер за одбрана, парична награда од НГШ на АРМ, наградно отсуство од НГШ на АРМ, НАТО медал за учество во мировните операции „ИСАФ“ и „Одлучна поддршка“, Сребрена значка на Армијата. Активно го користи англискиот јазик. Брачна состојба: женет, татко на две деца,
Претходни должности:
- 1999-2004 Командир на вод за врски;
- 2004-2006 Командир на чета за врски;
- 2006-2009 Началник на секција С-6 во баталјон за врски;
- 2009-2012 Офицер за телекомуникации во Г-6/ГШ на АРМ;
- 2012-2015 Офицер за управување со мрежни информатички сервиси и софтвер во Ј-6/ГШ на АРМ;
- 2015-2018 Заменик на шефот на кабинет на НГШ на АРМ;
- 2018-Командант на баталјон за врски.
Унапредувања:
- потпоручник 1999-2000;
- поручник 2000-2004;
- капетан 2004-2009;
- мајор 2009-2013;
- потполковник 2013.
