
Мисија:
Како повисока здружено-тактичка единица преставува главна борбена сила на Армијата која обезбедува готови сили за заштита и поддршка на националните интереси и дава поддршка при природни катастрофи, епидемии и други опасности. Надвор од територијата на Републиката со декларираните единици учествува во мировните операции и ги исполнува меѓународните воени обврски.
Задачи:
- Планирање и организација;
- Планирање и употреба;
- Планирање и спроведување на обука и вежби;
- Планирање и спроведување персонален менаџмент;
- Разузнавање, контраразузнавање и заштита на силите;
- Логистичка поддршка;
- Организирање и подготовка на КИС;
- Планирање на финансиски средства;
- Цивилно воена соработка.
Бригаден генерал Бесник Емини
Дата и место на раѓање:
15.10.1977 година во Скопје, Република Македонија.
Воено образование:
- Воена Академија, Скопје, 1996-2000 година;
- Курс за мировни набљудувачи UNMOC, Амерсфорт, К. Холандија, 2005 година;
- ПДС-СКШД Скопје, 2005-2006 година;
- Курс за штабни офицери за работа во НАТО, Софија, Р. Бугарија, 2006 година;
- Курс за инструктор – медиумите и комуницирањето, Скопје, 2008 година;
- Предупатна обука за мировни мисии – ИСАФ, Загреб, Р. Хрватска, 2010 година;
- Борбена проценка на борбено поле, Вишков, Р. Чешка, 2011 година;
- Медиумите и тероризмот, Анкара, Р. Турција, 2012 година;
- Школо за Национална Одбрана, Рим, 2013-2014 година;
- Менаџирање со кризи, Џозеф Крузел, Скопје, 2015 година.
Воена Кариера:
- Командир на вод, 2000-2002 година;
- Командир на чета, 2002-2004 година;
- Командир на тим, 2004 -2006 година;
- Командир на чета, 2006-2008 година;
- Началник на секција, 2008-2012 година;
- Заменик командант Рб, 2012-2013 година;
- Командант на Рб, 2013-2015 година;
- Началник на штаб на пСО, 2015 година;
- Заменик Командант на пСО, 2016 година;
- Заменик командант на 1. механизирана пешадиска бригада, 2018 година;
- Началник на Штаб во ЗОК, март 2019;
- Командант на 1. механизирана пешадиска бригада, јули 2019.
Унапредувања:
- Потпоручник 2000-2001 година;
- Поручник 2001-2005 година;
- Капетан 2005-2009 година;
- Мајор 2009-2013 година;
- Потполковник 2013-2017 година;
- Полковник 2017-2020 година
- бригаден генерал од 2020 година..
Постигнати успеси во кариерата :
- Пофалница од МО на РМ, 2002 година;
- Пофалница од Командант на пСО, 2008 година;
- Парична награда од НГШ на АРМ, 2009 година;
- Пофалница од Командант на пСО, 2011 година;
- Пофалница од МО на РМ, 2012 година;
- Медал ARCOM, Iraqi Freedom, 2007/2008 година.
Јазични способности:
- Англиски – одлично познавање;
- Француски – делумно познавање.
Мисии и вежби:
- 2007/2008 „OIF 10“, Ирак;
- 2005 „НАТО CAX 05” Скопје, Република Македонија;
- 2007 „Балкан Флеш“ Криволак, Република Македонија;
- 2009/2010 „НАТО CREVAL 1-2 LRSC“ Криволак, Република Македонија;
- 2012 „LOGEX13”- Скопје, Република Македонија;
- 2012 „WISE WOLF Б-9“ Криволак, Република Македонија;
- 2016 „Балкански Блесок 12“ Пепелиште, Република Македонија.
Контакт:
Е-маил: besnik.emini@arm.mil.mk
Полковник Васко Коколански
Датум и место на раѓање:
12.12.1974 година, Струмица, Република Македонија.
Воено Образование:
- Гимназија, 1989-1993;
- Воена Академија, 1995-1999;
- Напреден курс за офицери за воена полиција, 2000;
- Командно Штабна Академија, САД, 2014;
- Школа за национална безбедност при Универзитетот за национална безбедност, Вашингтон, САД, 2018-2019.
Воена кариера:
- Командир на вод;
- Командир на чета во воена полиција;
- Офицер за планирање и обука во С-3 во баталјон на Воена Полиција;
- Началник, Офицер за операции, С-3 во баталјон на Воена Полиција;
- Началник на Штаб и заменик на командант во баталјон на Воена Полиција;
- Kомандант во баталјон на Воена Полиција;
- Офицер за односи со јавноста во здружената Оперативна Команда;
- Заменик на Командантот на 1.механизирана пешадиска бригада.
Унапредувања:
- потпоручник 1999-2000;
- поручник 2000-2003;
- капетан 2003-2008;
- мајор 2008-2013;
- потполковник 2013;
- полковник 2019.
Одликувања:
- Пофалници од Командантот на ЗОК;
- Пофалници од Началникот на ГШ на АРМ;
- Пофалници од Министерот за одбрана.
Странски јазик:
- Англиски.
Брачна состојба:
Оженет и татко на 2 деца.
Хоби:
- Читање;
- Спорт.
Контакт:
E-mail: vasko.kokolanski@arm.mil.mk
Наредник Џоскеј Петровски
Наредник Џоскеј Петровски е роден 1973 година во Радовиш, каде и завршува основно образование, додека средното образование го има завршено во Битола.
Војничката кариера ја започнува во оклопниот баталјон во Скопје каде и го добива првиот подофицерски чин и во досегашната кариера ги има извршувано должностите командир на тенк, командир на тенковски вод, прв подофицер во тенковска чета и главен подофицер во тенковски баталјон.
Има завршено повеќе курсеви од професионално воено образование во земјата и странство. Курс „Обучи го обучувачот“ (Train the trainer) во Херисау, Швајцарија, курс за „Техники на воена обука и инструкции“ во Команда за Обука во Велес, „Напреден курс за подофицери“ во Команда за Обука во Велес, „Курс за први подофицери во чета“ во Команда за обука и доктрини во Велес, Висока подофицерска Академија во Загреб, Р. Хрватска, „CSEL“ курс во Загреб, Р. Хрватска, а во 2011 и 2012 година учесник е на вежбите „Македонски Блесок“.
Повеќе пати е наградуван и пофалуван од командант на тенковски баталјон, командант на 1.мпбр и командант на Команда за Операции.
Активно го користи Англискиот јазик, оженет е и татко е на три деца.
Претходни должности:
- Командир на тенк 2001-2003 година;
- Командир на тенковски вод 2003-2011 година;
- Прв подофицер во тенковска чета 2011-2013 година;
- Главен подофицер во тенковски баталјон 2013-2020 година и
- Главен подофицер во 1.пешадиска бригада од ноември 2020 година.
Унапредувања:
- водник 2001-2007 година;
- постар водник 2007-2012 година;
- постар водник 1 класа 2012-2016 година и
- наредник од 2016 година.
Капетан Горанчо Ѓоргиевски
Капетан Горанчо Ѓоргиевски е роден на 06.02.1977 година во Делчево. По завршувањето на основното и средното образование во Берово,продолжува со воено образование на Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје каде дипломира во 2000 година. Воената кариера ја започнува како командир на моторизиран пешадиски вод во 1.моторизиран пешадиски баталјон во Куманово. Во досегашната кариера извршувал повеќе командирски должности на ниво на баталјон, а бил и вршител на должност началник на секција за борбена готовност,операции ,воено планирање ,обука и вежби во 3.пб од 1.пбр а од 2018 година е поставен на должност офицер за односи со јавноста во 1.пешадиска бригада. Има завршено повеќе курсеви од досегашниот делокруг на работните обврски и задачи.
Меѓу останатите курсеви има завршено:
- Курс за командири на водови, MPRI, Пепелиште, 2000 година;
- Курс за инструктори за борба против тероризмот, 2002 година;
- Курс за командири на чети, Воена академија „Генерал Михаило Апостолски“, Скопје, 2012 година;
- Инструктор по тактичка обука „Методички курс за обука на подофицери“, 2013 година;
- Курс за штабни должности во баталјон, Воена академија „Генерал Михаило Апостолски“, Скопје, 2017 година;
- Курс NATO Military Decision Making process training, MTT, 2015 година;
- Курс Analysis and Lessons learned, MTT, 2016 година;
- Курс Crisis Communication, PARC Скопје, 2016 година;
- Public affairs workshop , PARC, ноември, Скопје, 2018 година;
- Builiding Integrity in Public Affairs Course, PARC, Скопје, 2019 година.
Досега има учествувано на неколку воени вежби во земјата, во странство нема и тоа:
- „Македонски блесок“ 7, 8, 9, 10;
- Мултинационална вежба „LONGBOW/LANSER“, 2012 година.
До сега нема учествувано во мировна мисија надвор од државата. Повеќе пати е наградуван и пофалуван,меѓу кои позначајни се пофалница од командантот на 1.мпбр, благодарница од командантот на КОД, наградно отсуство од командантот на 3.мпб. Познава англиски јазик,основно познавање германски јазик и останато, живее во Скопје,оженет и татко на две деца.
Претходни должности кои ги има извршувано:
- Командир на вод, 2000-2003 година;
- Командир на караула, 2003-2005 година;
- Командир на вод, 2005-2012 година;
- Командир на механизирано пешадиска чета, 2012-2014 година;
- Офицер за обука во С-3/3.мпб, 2014-2018 година;
- Вршител на должност Началник на С-3/3.мпб, 2016 година;
- Офицер за односи со јавноста во 1.механизирана пешадиска бригада, октомври 2018 година.
Унапредувања:
- Потпоручник 2000-2001 година;
- Поручник 2001-2012 година;
- Капетан 2012-2020 година.

Врз основа на новата организациско-формациска поставеност на Армијата на Република Македонија (АРМ) од 2012 година и наредбата за трансформација на единиците на АРМ, дојде до фузирање на 1. и 2. механизирана пешадиска бригада во 1.механизирана пешадиска бригата „А“ (1.мпбр).
1. и 2. мпбр ја имаа честа да ги продолжат и негуваат традициите на 11. и 13. пешадиска бригада формирани во 1992 година со осамостојувањето на Република Македонија, кои пак ги негуваа традициите на две истакнати единици НОВ и тоа 14. Младинска Македонска Народноослободителна Ударна Бригада (14.ММНУБр) и Кичевско-мавровскиот партизански одред. Единици кои во својот славен борбен пат имаат учествувано на ослободувањето на градовите долж течението на реката Брегалница, градот Скопје, Западна Македонија и крвавиот Сремски Фронт.
Со одлука на Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили „Н“ бр. 06-716/1 од 14.05.2015 година за „Ден на единицата“ е одреден 2-ри Април, денот кога во 2012 година командата и штабот на 1.мпбр се дислоцираа во гарнизонот Петровец.
За постигнатите резултати на планот на одбраната на Република Македонија, Претседателот на РМ со Указ бр. 8 од 14.08.2007 година, 1.мпбр и 2.мпбр ги одликува со „ОРДЕН ЗА ВОЕНИ ЗАСЛУГИ“.
Денес 1. механизирана пешадиска бригада „А“ е главна борбена сила на АРМ која обезбедува готови сили за заштита и поддршка на националните интереси и дава поддршка на цивилното население при природни катастрофи, епидемии и други непогоди, а надвор од територијата на Република Македонија со декларираните единици учествува во операции за поддршка на мирот со што ги исполнува меѓународните воени обврски.
Учество на вежби во Република Македонија:
- „Македонски блесок 10“ во периодот од 5 до 12.04.2014 година, демонстрација на достигнатиот степен на борбената готовност на СПБГ.
- МНВ „Здружени напори 2013“ во периодот од 19 до 28.06.2013 година;
- „Македонски блесок 9“ во периодот од 14 до 18.10.2013 година, демонстрација на интероперабилност и преглед на борбената готовност на декларираните единици, односно демонстрација на способностите на СПБГ во согласност со Здружените стандарди за сили;
- „Македонски блесок 8“ во периодот од 19 до 30.05.2012 година, НАТО оценување Ниво 2 на декларираната средна пешадиска баталјонска група и декларираните механизирана пешадиска чета и одделение АБХО во силите на ЕУБГ 2012/2;
- „Македонски блесок 7“ во периодот од 8 до 16.04.2011 година, Самооценување Ниво 1 на декларираната средна пешадиска баталјонска група и декларираните механизирана пешадиска чета и одделение АБХО во силите на ЕУБГ 2012/2;
- „Балкански блесок 2010“ во периодот од 24.10. до 03.11.2010 година, НАТО оценување Ниво 2 на деклариран среден пешадиски баталјон;
- „Македонски блесок 6“ во периодот од 19 до 23.04.2010 година, поддршка на реализацијата на 18-ти НАТО Курс за оценувачи по OCC E&F концептот за НАТО-1;
- „Македонски блесок 5“ во периодот од 19 до 28.10.2009 година, Самооценување Ниво 2 на деклариран среден пешадиски баталјон;
- „Македонски блесок 4“ во периодот од 21.10. до 02.11.2008 година, НАТО оценување Ниво 1 на деклариран среден пешадиски баталјон;
- „Македонски блесок 3“ во периодот од 19 до 30.05.2008 година, Самооценување Ниво 1 на деклариран среден пешадиски баталјон;
- „Македонски блесок 2“ во периодот од 28.10. до 04.11.2007 година, НАТО оценување Ниво 1 на декларирани механизирана пешадиска чета, инженериски патен вод и пионерски вод.
Учество во меѓународни вежби:
- Учество на вежбата „Anaconda“ во периодот од 6 до 18.06.2016 година во Р. Полска.
- Учество на вежбата „Balkan Bridges 15“ во периодот од 23 до 27.11.2015 година во Р. Бугарија;
- Учество на вежбата „Trident Junction 15“ во периодот од 2 до 16.10.2015 година во Р. Шпанија;
- Учество на вежбата „Immediate Response 15“ во периодот од 9 до 21.09.2015 година во Р. Хрватска и Р. Словенија;
- Учество на вежбата „Balkаn Response 15“ во периодот од 25 до 30.05.2015 година во Р. Србија;
- Учество на вежбата „LOGEX 15“ во периодот од 5 до 15.05.2015 година во Р. Србија;
- Учество на вежбата „Saber Juncture 15“ во периодот од 3 до 30.04.2015 година во СР Германија;
- Учество на штабна вежбата „Seven Stars 14“ во периодот од 2 до 12.12.2014 година во Р. Грција;
- Учество на вежбата „Immediate Response 14“ во периодот од 16 до 30.08.2014 година во Р. Хрватска и Р. Словенија;
- Учество на вежбата „Platinum Wolf 15“ во периодот од 16 до 29.11.2014 година во Р. Србија;
- Учество на вежбата на командно место „REGEX 14“ во периодот од 21 до 24.10.2014 година во Р. Турција;
- Учество на симулациона вежба „SEESIM“ во периодот од 22 до 27.09.2014 година во Р. Грција;
- Учество на ситуациона теренска вежба „Combined Endeаvor 14“ во периодот од 25.08. до 12.09.2014 година во СР Германија;
- Учество на вежбата „Брз Лав“ во периодот од 2 до 13.06.2014 година во Белгија;
- Учество на вежбата „Platinum Eagle 14“ во периодот од 13 до 23.05.2014 година во Р. Романија;
- Учество на вежбата „Viking 14“ во периодот од 31.03. до 11.04.2014 во Шведска;
- Учество на вежбата „Active Lion 14“ во периодот од 16 до 24.01.2014 година во Белгија;
- Учество на вежбата „Mission readiness 2013“ во периодот од 2 до 18.12.213 година во СР Германија;
- Учество на вежбата „Black see rotation force 2013“ во Р. Романија;
- Учество на вежбата „Immediate response-13„ во периодот од 18.08. до 01.09.2013 година во Р. Хрватска;
- Учество на мултинационалната вежба „Rapid Trident 12“ во периодот од 14 до 28.07.2012 година на полигонот Јаворив, Р. Украина.
Со определбата на Република Македонија за приклучување кон НАТО, 1.мпбр декларираше средна пешадиска баталјонска група (СПБГ) во базенот на сили согласно концептот за оперативни способности на НАТО, за учество во мировните мисии предводени од НАТО.
Според проектот за развој на ЕУ-БГ 2/2012 средната механизирана пешадиска чета од 4/1.мпбр после успешно завршените оценувања, постигна потполна интероперабилност и е во готовност за извршување на операции за превенција на конфликти.
1.мпбр со една механизирана пешадиска чета од составот на 2мпб и инженериски патен и пионерски вод од составот на инжб зема учество и во проектот „SEEBRIG“.
Мисии надвор од Република Македонија:
- мбпр од јануари 2003 до декември 2014 година учествуваше со 24 ротации на контингенти во мировната операција „ИСАФ“ во ИР Авганистан. Од јануари 2006 година до декември 2014 година бригадата учествува во мировната операција „ИСАФ“ со една механизирана пешадиска чета со задача: обезбедување на главната команда на „ИСАФ“ во Кабул, ИР Авганистан;
- Од декември 2014 1.мпбр учествува со 3 ротации на контингенти во мировната операција „Одлучна поддршка“ во ИР Авганистан со јачина на еден вод;
- мпбр учествуваше во 3 ротации во операцијата за поддршка на мирот „Слобода за Ирак“ Р. Ирак со јачина од еден вод;
- Во периодот од 2008 година персонал од составот на 1.мпбр учествуваше како штабен персонал во мировните операции ОМЛТ-1, ОМЛТ-2, КОСА-главен град и КОСА-север во ИР Авганистан;
- Учество на персонал од составот на 1.мпбр во мировните операции: „ЕУФОР-АЛТЕА“ Босна и Херцеговина и „УНИФИЛ“ Либан.
Во изминатиот период 1807 припадници од составот на 1.мпбр учествувал во мировни операции надвор од територијата на РМ.
Со почетокот на „мигрантската криза“ 1.мпбр зема активно учество со асистенција и испомош на единиците на МВР во обезбедувањето на државната граница. Единиците од составот на бригадата беа вклучени во изградбата на безбедносна ограда во вкупна должина од 30 км на јужната граница.
Во изминатиот период бригадата активно учествуваше во разни хуманитарни акции и акции за справување со временски неприлики и природни катастрофи со кои се соочуваа граѓаните на Р. Македонија. Единиците на 1.мпбр земаа учество во санирањето на последиците од поплавите во Струмица, Радовиш, Штип, Свети Николе, Тетово и Пелагонија. Со изградбата на двата дрвени моста во с. Порој, Тетово припадниците на 1.мпбр ја покажаа својата хуманост на дело. 1.мпбр зеде учество и во санирањето на последиците од поплавите во Р. Србија во 2015 година.