Планира, организира и координира мерки и активности за цивилно воена соработка со владини и невладини организации и други цивилни субјекти во мирно времени и воени услови и дава насоки за реализација на ЦВС при упатување на контингенти на Армијата во мировни и хуманитарни мисии.
Задачи:
Утврдува потреби и планира цивилно-воена соработка во Армијата;
Обезбедува сите аспекти на цивилно-воената соработка да бидат вклучени и имплементирани во планирачките документи на стратегиско рамниште;
Обезбедува насоки за спроведување на цивилно-воената соработка при планирање и реализација на воени операции, вежби и обука;
Соработува, координира и дава насоки за цивилно-воена соработка при упатување на контингенти на Републиката во мировни и хуманитарни мисии;
Планира и имплементира обука на персоналот за ЦВС;
Воспоставува контролни механизми за евалуација на функционирањето на воспоставениот систем за ЦВС;
Соработува со другите управи во ГШ и со одговорната организациона единица за ЦВС во МО;
Доставува редовни и периодични извештаи и води евиденција за научените лекции од доменот на ЦВС;
Изработува предлог-финансиски план за ЦВС;
Планира и координира активности за заштита и унапредување на животната средина и културно историските споменици во рамките на цивилно воената соработка;
Изработува документација за регулирање на работата од својата надлежност.
Началник на Ј-9/ГШ
полковник Ванчо Шонтевски
Полковник Ванчо Шонтевски
Полковник Ванчо Шонтевски е роден 18.01.1966 во Берово. По завршување на гимназија во Скопје, продолжува со воено образование во Белград на Воената Академија и истата ја завршува во 1988 година во Панчево. Воената кариера ја започнува како командир на вод во извидувачките единици во Призрен во поранешната ЈНА а по осамостојувањето на Републиката продолжува на служба во АРМ. Во досегашната кариера извршува повеќе командирски, штабни и командантски должности на ниво на баталјон и бригада, а од 2018 година е поставен за Началник на Ј-9 секцијата, цивилно- воена соработка во ГШ. Има завршено повеќе курсеви од областа на организиран криминал, борба против тероризмот, за специјални операции и борба со стратегиски закани во иднина и НАТО курсеви за поддршка на мировни операции. Од 2003-2008 година успешно ја преставува Армијата како Одбранбено Аташе во Тирана, Република Албанија. Во надградување на военото образование има завршено КША 1997 година во Скопје. Повеќе пати е наградуван и пофалуван. Активно ги користи англискиот и албанскиот јазик. Оженет и татко на два сина.
Претходни должности:
Командир на извидувачки вод, 1988-1989;
Заменик командир на извидувачка чета, 1989-1990;
Орган за безбедност во воен отсек, 1991-1992;
Помошник на к-дант на бригада за безбедност, 1992-1996;
Заменик командант на баталјон, 1997-1998;
Командант на баталјон, 1998-1999;
Помошник на началник на штаб на бригада за обука, 1999-2000;
Шеф на кабинет на командантот на командата за обука, 2000-2001;
Началник на штаб на бригада, воедно НШ на ОТГ-1, 2001-2003;
Началник на штаб на полкот за специјални операции, 2002-2003;
Одбранбено воено аташе на РМ во Тирана, Албанија, 2003-2008;
Началник на одделението за б/г и операции Г-3/ГШ, 2008-2009;
Заменик началник на Г-2/ГШ, 2009-2012;
Началник на Г-2/ГШ, 2012-2015;
Советник за менаџмент со ресурси и финансии СЧР/МО, 2015-2017;
Началник на Ј-9/ГШ, 2018;
Началник на одделение за борбена готовност во Ј-3/ЗОК, 2017-2018;
Началник на Ј-9/ГШ на АРМ, 2018.
Унапредувања:
Потпоручник 1988-1989;
Поручник 1989-1992;
Капетан 1992-1996;
Капетан 1 класа 1996-2001;
Мајор 2001-2006;
Потполковник 2006-2012;
Полковник 2012.
Организациска структура на Ј-9/ГШ
Офицер за планирање и
Координатор за екологија, заштита на животната околина и културно историски објекти.