Да менаџира со персоналот во Армијата во мир и војна, да врши анализа и примена на законските регулативи и прописите, да спроведува селекција и водење на персоналот во текот на службата, да се грижи за моралот и состојбата на персоналот во Армијата.
Задачи:
Ј-1 е организациска единица на Генералштабот која го реализира Персоналниот менаџмент на Армијата и ги извршува следните задачи:
Го планира, управува и спроведува системот за селекција, унапредување и водење на персоналот;
Персонален менаџмент со офицери, подофицери, професионални војници и цивилни лица во Армијата;
Планирање и реализација на програмите за професионален развој, воено школство, воено образование во земјата и странство;
Анализа и распоред на персоналот според приоритетите за пополна на единиците и нивната готовност;
Програмира и спроведува програми од областа на социјална заштита;
Врши проценка и анализа на состојбата на моралот и персоналот и презема активности за негово јакнење низ соодветни мерки и постапки;
Изработува и спроведува програми од областа на културните дејности и рекреативните активности;
Го планира и реализира архивското работење во Генералштабот и за таа цел ја прима, евидентира и дистрибуира целокупно пристигнатата пошта – акти во Генералштабот;
Тесно соработува со сите J-организации за што поефикасно извршување на задачите кои се во тесна врска со J-1;
Во реализацијата на своите функции во целост ги спроведува Законот за одбрана, Законот за служба во АРМ, Законот за работни односи, Законот за ПИОМ, како и останатите законски и подзаконски акти со кои е регулирана одбраната.
Началник на Ј-1/ГШ
полковник Марјанче Спасов
Полковник Марјанче Спасов
Полковник Марјанче Спасов е роден на ден 25.08.1972 година во Штип.
По завршување на основното образование во Штип во 1987 година, продолжува со воено образование во Белград, во Воена гимназија, а во 1991 година продолжува на Воената академија на КоВ, во Белград. Военото образование го завршува со дипломирање на Воената Академија „Генерал Михајло Апостолски“, во Скопје, во 1996 година. Воената кариера ја започнува како командир на пешадиски вод во гарнизонот Струмица.
Во досегашната кариера извршува повеќе командни и штабни должности на ниво баталјон, бригада, оперативна команда и ГШ на Армијата, а од 2020 година е поставен за началник на Ј-1 секцијата, Управување со персонал во ГШ.
Има завршено повеќе курсеви и семинари од областа на управувањето со човечки ресурси и планирање, а во текот на својата кариера учествувал на меѓународни воени вежби во земјата и странство. Земал активно учество во проекти за изработка и донесување на стратегиски документи од областа на човечките ресурси во одбраната.
Има учествувано во две мировни мисии во ИР Авганистан.
Во надградување на военото образование успешно го завршил Колеџот за командни и штабни должности на Армијата на САД во 2011 година. Повеќе пати е пофалуван и наградуван од претпоставените старешини и МО.
Активно го користи англискиот јазик.
Оженет е и татко на едно дете.
ПРЕТХОДНИ ДОЛЖНОСТИ ВО АРМИЈАТА
Командир на вод, 1996 – 1997;
Командир на караула 1997 – 1998;
Офицер за обезбедување на Претседателот на Р. Македонија, од 1998 –2000;
Заменик командир на чета, од 2000 – 2001;
Командир на пешадиска чета, 2001 – 2005;
Офицер за операции, од 2005 –2006;
Офицер за персонални работи, во бригада, 2006 – 2009;
Началник на С-1, во бригада, 2009 – 2012;
Заменик на командантот – началник на штаб, во баталјон, од 2012 – 2016;
Началник на одделение за управување со персонал, во ЗОК, 2016 – 2019;
Офицер за планирање и анализа, во Ј-1/ГШ, 2019;
Началник на одделение за планирање и анализа и координатор за НАТО декларирани способности, во Ј-1/ГШ, од 2019 – 2020;
Началник на Ј-1/ГШ на Армијата, 2020;
УНАПРЕДУВАЊА
Потпоручник – 1996 година,
Поручник – 1997 година,
Капетан – 2001 година,
Мајор – 2009 година,
Потполковник – 2014 година,
Полковник – 2020 година.
Организациска структура на Ј-1/ГШ
Одделение за персонален менаџмент;
Одделение за професионален развој, планирање и анализи;