Посета на ученици од ОУ „Коле Неделковски“ на воздухопловната бригада

На ден 22.03.2019 година учениците од основното училиште „Коле Неделковски“ – Скопје реализираа посета на воздухопловната бригада (вбр), како дел од соработката која вбр ја има со цивилните структури. Цел на посетата беше запознавање на најмладата популација во државата со средствата кои ги поседува воздухопловната бригада и активностите кои таа ги реализира. Учениците во текот…

Одбележување на 21 март, Денот на пролетта и екологијата во Здружената оперативната команда

На ден 21.03.2019 година во гарнизоните: Куманово, Петровец, Скопје, Штип, Тетово, Кичево и Прилеп припадниците од Здружената Оперативна Команда (ЗОК) и првопотчинетите команди и единици традиционално го одбележаа „21 март – Денот на пролетта“. Во еколошките активности беа засадени повеќе стотина зимзелени садници и други видови на цвеќиња на повеќе локации во касарните. Традиционално, заштитата…

Кондиционен марш и гаѓање со припадниците од командата и штабот на 1.мпбр

Согласно годишниот план за работа и годишниот календар за обука на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), припадниците од командата и штабот на 1.мпбр, во рамките на активностите и задачите за одржување на психофизичката подготвеност и воено стручна оспособеност, реализираа кондиционен марш и подготвителни гаѓања. За одржување на кондицијата на потребното ниво, со припадниците на 1.мпбр беше…

Борбена претрага, спасување и извлекување на повреден од непристапен терен

Припадниците на водот за специјални намени, сквадронот на транспортни хеликоптери и дел од командата на вбр, во период од 19-20.03.2019 година реализира обука согласно годишниот план за обука на единицата. Како дел од обуката беше реализирана вежба „Борбена претрага, спасување и извлекување на повреден од непристапен терен“ која беше завршена успешно и со огромна професионалност.…

Посета на баталјонот за врски и баталјонот на Воена полиција од учесници на НАТО работилницата за вежбата „REGEX19“

Денес баталјонот за врски (бВ) и баталјонот на Воена полиција (бВП) ги посетија учесниците на НАТО работилницата за вежбата „REGEX19“ како и началникот на штаб на ЗОК (Здружена Оперативна Команда), полковникот Бесник Емини. Учесниците беа пречекани од страна на командантите на овие две единици на ЗОК. Командантот на бВ, потполковник Илија Дамчевски во своето излагање…

Инспекција на специфицирана област по „Виенскиот Документ 2011“

Во Здружената оперативна команда (ЗОК), Првата механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) и Бригадата за логистичка поддршка (брЛП) реализирана е дводневна инспекција на специфицирана област согласно одредбите на „Виенскиот Документ 2011“. Тимот за инспекција беше во состав од тројца претставници на ВС на Романија и еден инспектор од армијата на Сојузна Република Германија. Во командите на ЗОК,…

Месечно реферирање на командантите пред командантот на Здружената оперативна команда

Во командата на Бригадата за логистичка поддршка (брЛП), се реализира реферирање на командантите на првопотчинетите единици на Здружената оперативна команда (ЗОК) за статусот на борбената готовност за месец февруари 2019 година. Командантите на првопотчинетите единици на командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски му реферираа за реализираните задачите во изминатиот месец, проблемите како и за тежишните…

Одбележан Денот на Командата на резервни сили

Денес во касарната „Боро Менков“ во Куманово, се одбележа 11-ти Март, Денот на Резервни сили на Армијата. На одбележувањето присуствуваа командантот на Здружената оперативна команда (ЗОК), генерал-мајор Павле Арсоски, заменикот на командантот на ЗОК, бригаден генерал Орце Јордев, команданти на единици во Армијата, претставници од Здружението на резервни офицери, државните и општествени организации од локалната…

Состанок на командантите во Здружената оперативна команда

Во Здружената оперативна команда (ЗОК) се одржа состанок на командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски со командантите на бригадите и командантите на баталјоните во потчинетите единици на ЗОК. Од страна на командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски на клучниот персонал од првопотчинетите единици издадени се задачи во врска со претстојната трансформација, задачите кои произлегуваат од…