Стручно специјалистичка обука „Исхрана во природа“

Во периодот од 09.06 до 20.06.2014 година со оклопно извидувачките водови од 3. и 4. механизиран пешадиски баталјон, од 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) се реализира стручно специјалистичка обука „Исхрана во природа“. Обуката се реализираше во реонот на Маврови Анови и селото Цер. Целта на обуката е персоналот да се стекне со потребните техники и вештини,…

Логистичка поддршка на манифестацијата „Поречки културни средби”

На ден 14.06.2014 година во координација со Здружението на граѓани „Поречки средби“ од Скопје и Општина Македонски Брод, припадниците од 2. логистички баталјон (2.логб), од составот на бригадата за логистичка поддршка дадоа придонес во реализација на јубилејната културна манифестација „10–ти Поречки културни средби“. Како логистичка испомош на манифестацијата која се одржа во село Сланско –…

Обука за противпожарна заштита со Територијалната противпожарна едница од град Кичево

На 10 јуни 2014 година во касарната „Чедо Филиповски-Даме“ во Кичево припадниците од 4.механизиран пешадиски баталјон (4.мпб) од составот на 1. механизирана пешадиска бригада, во соработка со територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од градот Кичево организираа и реализираа обука за противпожарна заштита. Обуката се спроведе во два дела и тоа теоретски и практичен дел. Во текот…

Одбележување на годишнина на трагично загинати припадници од оклопниот баталјон

На ден 10.06.2014 година во касарната „Чојлија“ во Петровец се одбележа тринаесет годишнина од загинувањето на припадниците од оклопниот баталјон (окб), капетан Синиша Стоилов и војник Џеладиновски Фејзо. Со постројување на единицата, во присуство на семејствата на загинатите припадници, командантот на окб пред присутните одржа пригоден говор. Потоа пред спомен одбележјето во касарната положија свежо…

Примопредавање на должност, командант на 2. логистички баталјон

Денес, 9-ти јуни во касарната „Чеде Филиповски-Даме“, во Кичево, се одржа свеченост по повод примопредавањето на должноста командант на 2. логистички баталјон (2.логб). На примопредавањето присуствуваше командантот на Бригадата за логистичка поддршка, потполковник Кенан Рахиќ, кој во своето обраќање му се заблагодари на потполковник Гоце Стојаноски за досегашните постигнати резултати, а од новоназначениот командант честитајќи…

Посета на воздухопловната бригада од страна на новото воздухопловно аташе на САД во Република Македонија

Во текот на денешниот ден (09.06.2014 година) во посета на воздухопловната бригада (вбр) во касарната „Н.Х. Страшо Пинџур“ беа новоназначениот и досегашниот воен аташе за воздухопловство на САД во Република Македонија. Целта на посетата беше запознавање и претставување на новото воздухопловно аташе на САД во РМ, потполковник Џенифер Форд, со Командантот на воздухопловната бригада, полковник…

Отворен ден на АРМ за граѓаните на Македонски Брод и Вевчани

Во текот на оваа недела на ден 03.06. во Македонски Брод и 05.06 во Вевчани се реализира „Отворен ден“ на АРМ за граѓаните на овие општини. На тактичко технички збор кој беше реализиран за оваа цел, се прикажа дел од опремата и вооружувањето со кои располага 4. механизираниот пешадиски баталјон (4.мпб)/ 1.механизирана пешадиска бригада од…

Со почит и во сеќавање на загинатите припадници од 1.мпбр од гарнизонот Тетово

На ден 5  јуни во касарната „Кузман Јосифовски Питу“ во Тетово со воена церемонија се одбележа тринаесет годишнината од загинување на припадниците од гарнизонот Тетово во воениот конфликт во 2001 година во реонот на селото Гајре. На церемонијата, пред построените единици командантот на 3.мпб одржа пригоден говор. Потоа пред спомен одбележјето на загинатите, од страна…

Обука за животоспасувачи во Воениот Медициски Центар

Во период од 26.05-05.06.2014 година во одделението за медицинска обука на Воено Медициски Центар (ВМЦ) од составот на логистичката бригада се изведува основен курс за животоспасувачи. Курсот го посетуваат припадници од командите и единиците на АРМ кои се подготвуваат за следната ротација на контингентот за мировната мисија „ИСАФ“ во Авганистан. Обуката ја спроведува тим од…