Работилница за изработка на концептот на операции за вежбата: „МАКЕДОНСКИ БЛЕСОК-10“

Во Центарот за обука „Пепелиште“ во период од 27 до 31 јануари 2014 година се одржа работилница за изработка на концептот на операции (strategic concept of operations – CONOPS) која претставува фаза во континуираните подготовки за планирањето на вежбата „Македонски Блесок 10“. Работилницата ја отвори директорот на вежбата потполковникот Ѓоко Максимов кој со воведен брифинг…

Презентација на информатички систем за командување и контрола

На ден 28 Јануари (Вторник) во просториите на Здружено Оперативната Команда од страна на претставници на фирмата од Република Турција „Хавелсан“ специјализирана за информатичка опрема беше извршена презентација на информатички систем за командување и контрола таканаречен „Defence out of a box“. На претставниците на фирмата „Хавелсан“ најпрвин им беше посакано добредојде од страна на началникот…

Традиционална годишна средба со цивилните структури во Гарнизон Кичево

На ден 14.01.2014 година во касарната „Чеде Филиповски-Даме“ во Кичево се одржа годишна анализа на цивилно-воената соработка на 4. механизиран пешадиски баталјон која традиционално се одржува на денешен ден. На денешната активност покрај Командантот на 1. механизирана пешадиска бригада бригадниот генерал Павле Арсоски присуствуваа бројни високи гости меѓу кои Претседателот на советот на Општина Кичево…

Примопредавање на должност „Командант на 3.механизиран пешадиски баталјон“

На ден 03.01.2014 година, со почеток во 12.00 часот, во касарната “Кузман Јосифовски-Питу” во Тетово, се одржа воена свеченост по повод примо-предавање на должноста Командант на 3.механизиран пешадиска баталјон (3.мпб) од 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр). По тој повод на свеченоста присуствуваа: Командантот на бригадата бригаден генерал Павле Арсоски, Командантите на потчинетите единици на 1.мпбр,…

Награди за посебен придонес и вонредно залагање на припадници од контингентот кој се подготвува за мисијата ИСАФ

Во период од 02-18.12.2013 година дел од Контингентот кој се подготвува за упатување во мировна операција во Република Авганистан учествуваше на подготовка за мисија (mission readiness) во Здружениот мултинационален тренинг центар во Хохенфелс-СР Германија. Во текот на подготовките и вежбите низ реални сценарија, приближно до природата на мисијата, припадниците на контигентот решаваа тактички задачи според…

Посета на градоначалникот на општина Штип на касарната „Јане Сандански“

На ден 30.12.2013 година (понеделник) во касарната „Јане Сандански”-Штип со почеток во 12.30 часот во рамките на цивилно воената соработка помеѓу Армијата на Република Македонија и цивилните структури во зоната на одговорност се реализира традиционална новогодишна средба помеѓу припадниците на АРМ од касарната „Јане Сандански” со градоначалникот на Општина Штип. Средбата беше во согласност со…

Доделување на медали на припадниците на македонскиот контингент во мисијата ИСАФ

Во месец Декември традиционално во базата каде е сместен главниот штаб на мисијата ИСАФ e организирана воена свеченост на која од страна на високи старешини од командата на припадниците на националните контингенти кои извршуваат задачи во базата им беше врачен НАТО медал за учество во мисијата кое претставува признание за високо и професионално извршување на…

Донација од пакетчиња на ДУРДМОВ „Димитар Влахов“

Денеска, 24.12.2013 година (Вторник) по повод Новогодишните и божиќните празници, воздухопловната бригада традиционално организира акција за разубавување на празниците на одредена група на дечиња. Годинава во соработка со Општината Петровец беа обезбедени пакетчиња кои денеска беа поделени на дечињата од Државното училиште за рехабилитација на деца и млади со оштетен вид (ДУРДМОВ) „Димитар Влахов“ од…

Последни подготовки на контингентот пред упатување во мисијата ИСАФ

Во деновите 23 и 24 Декември 2013 година во гарнизонот Тетово се реализираа ситуационо-тактички вежби (СТВ) со контингентот кој се подготвува за упатување во мировна операција „ИСАФ“ во Р. Авганистан. Во текот на ситуационо-тактичките вежби низ реалистично сценарио, приближно до природата на мисијата, припадниците на контингентот решаваа тактички задачи според креирана листа на инциденти. За…