Реализација на Финалната Координативна Конференција за вежбата „Македонски Блесок 10“

Во Центарот за поддршка на обуката (ЦПО) „Пепелиште“ во период од 17-21.03.2014 година се реализираше Финалната Координативна Конференција (ФКК) за вежбата „Македонски Блесок 10“ (МБ-10). Во истиот период во ЦПО „Пепелиште“ се реализира и Иницијалната Планирачка конференција (ИПК) за претстојната ситуационо-тактичка вежба на терен „Брз Рис 14“ која ќе се реализира во касарната „Чеде Филиповски-Даме“…

Инспекција согласно одредбите на „Виенски документ 2011“ во Здружено Оперативната Команда и дел од првопотчинетите единици

На 19 и 20 Март во Здружената Оперативната Команда (ЗОК) на АРМ, 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), воздухопловната бригада (вбр), бригадата за логистичка поддршка (брЛП) и Резервните сили престојуваше инспекциски тим на специфицираната област согласно одредбите на „Виенски документ 2011“. Инспекцискиот тим беше составен од припадници на Вооружените Сили на Република Албанија, Република Хрватска,кои беа придружувани…

Дислокација на цистерни и контејнер со помош на транспортен хеликоптер Ми-17

Денес (19.03.2014) година во водухопловната бригада се изврши дислокација на цистерни и контејнер од објектот „Бански Рид“, со помош на хеликоптер Ми-17 од составот на сквадронот за транспортни хеликоптери. Поради сложеноста на задачата, најпрвин се одржа брифинг на кој се планираше рутата по која ќе се лета, мерките за безбедност кои треба да се почитуваат,…

Одбележување на 22 години од примопредавањето на касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп

На 18 Mарт 2014 година во касарната „Мирче Ацев“во Прилеп со пригодна свеченост беше одбележана 22 годишнината од заминувањето на тогашната Југословенска Народна Армија и превземањето на касарната од страна на единиците на територијалната одбрана. Во рамките на свеченоста беше положено свежо цвеќе пред бистата на Мирче Ацев и беа построени единиците, пред кои се…

Обука со тактичко беспилотно летало „РАВЕН“

Во период од 10.03 до 14.03.2014 година на спортскиот полигон „Аџитепе“ во Куманово се одржа кондицирање и обука на персоналот за ракување со беспилотното летало „РАВЕН“ кој е дел од новопримената опрема во АРМ. Во обиколка на обуката на ден 13.03.2014 година беа командантот на Здружената Оперативна Команда (ЗОК) генерал-мајор Методија Величковски и командантот на…

Тромесечни брифинзи за обука и методско огледна вежба: „Извидувачки препад на командно место“

Во период од 10 до 13.03.2014 година во согласност со годишните планови за обука во првопотчинетите единици на Здружената оперативна команда (ЗОК) пред командантите на единиците се реализираа брифинзи за обука за првото тромесечие од 2014 година. На Тромесечните брифинзи за обука (ТБО), командантите и командирите на потчинетите единици ги брифираа командантите на бригадите за…

Одбележување на 8-ми Март Денот на жената во Здружената Оперативна Команда

На ден 06.03.2014 година во Здружената Оперативна Команда (ЗОК) во Куманово по повод 8ми Март – Ден на жената, традиционално беше организиран прием на женскиот персонал во ЗОК од страна на командантот на ЗОК, генерал мајор Методија Величковски и заменик на командантот бригаден генерал Мухамет Рацај. На старешините и цивилни лица од женскиот пол им…

Работилница за финализирање на документи за вежбата „Македонски Блесок-10“

Во Центарот за Обука (ЦО) Пепелиште од 3 до 7 март 2014 година се одржа Работилница за финализирање на документи за претстојната вежба „Македонски Блесок-10“, која ќе се изведе во период од 7 до 12 април 2014 година на АП „Криволак“, кога ќе се реализира НАТО оценување Ниво 2 на Средната пешадиска баталјонска група (СПБГ)…

Со почит и во сеќавање на загинатите припадници од 1.мпбр

На 4-ти март во Штип, Виница, Куманово и Драчево се одбележа тринаесегодишнината од загинување на капетан Кирчо Димитров и професионалните војници (ПФВ) Теодор Стојановски и Дејан Јакимовски, припадници на првата механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) чии животи трагично завршија во воениот конфликт во 2001 година. Традиционално, на одбележувањето покрај положување на свежо цвеќе на гробните места…