Свеченост по повод заминување во пензија на персонал од Здружената оперативна команда

Денес, 01.04.2014 година во Здружената Оперативна Команда (ЗОК) со постројување на персоналот од командата и пригодна свеченост се одбележа завршувањето на воената кариера и заминување во пензија на полковникот Миле Давчевски и капетан Стојчо Веселинов. Од страна на командантот на ЗОК генерал мајор Методија Величковски беше истакнато дека секој поединец во текот на својата воена…

Стационарно логорување, реализација на вежби и гаѓања со четата ЕУБГ 2014-2

Во деновите од 31.03 до 04.04.2014 година со декларираната чета за Заштита на Сили од составот на борбената група ЕУБГ 2014 – 2 од 4.механизиран пешадиски баталјон – Кичево на АП „Криволак“, ќе се организираат и изведат планирани вежбовни активности и гаѓања со оклопен транспортер „Хермелин“ (ОТ Хермелин). Во истиот период на АП „Криволак“ се…

Одбележување на тринаесет години од трагичното загинување на Командантот на Баталјонот на Воената полиција

По повод одбележувањето на тринаесет години на трагично загинатиот Командант на Баталјонот на Воена полиција капетан 1 класа Љупчо Мирчовски денес (28 март 2014 година) пред Командата на баталјонот воена полиција (бВП) во касарната „Илинден“ Скопје беше положено свежо цвеќе и изразено сочувство на семејството на загинатиот Командант пред спомен обележјето пред Командата на бВП.…

Гаѓање на цели на земја и во ВоП со ПАТ 20/3 мм

Денес, 27.03.2014 година (четврток) баталјонот за Противвоздушна одбрана (бПВО) од составот на воздухопловната бригада (вбр) на АП „Криволак“, со персоналот од декларираниот вод ПВО, реализираше боево гаѓање на цели во воздушен простор (ВоП) со противавионски топ (ПАТ) 20/3 мм. Гаѓањето се реализираше во рамките на логорувањето на кое се наоѓаат припадниците на бПВО, на кое…

Средба со градоначалници во зоната на одговорност на гарнизонот Тетово

Во рамките на цивилно воената соработка (ЦВС) во текот на месец март и предлог активности за популаризација на АРМ, командантот на гарнизонот Тетово, потполковник Атанас Пановски реализираше средби со дел од градоначалниците во зоната на одговорност на гарнизонот Тетово. Средбите започнаа на ден 05.03.2014 година со градоначалникот на општина Јегуновце, Тони Коцески, потоа на ден…

Посета на асоцијацијата на воени аташеa акредитирани во Република Македонија на Здруженaта Оперативна Команда

Врз основа на Програмата за соработка на Министерството за одбрана на Република Македонија со Асоцијацијата на воени аташеа во Република Македонија за 2014 година, денес, (26.03.2014 година) во Здружената оперативна команда (ЗОК) престојуваа резидентните и нерезидентните воени аташеа акредитирани во Република Македонија од вкупно 17 земји. Домаќин на воените аташеа им беше командантот на ЗОК…

Посета на воздухопловната бригада од учениците на СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ од Скопје

На ден 21.03.2014 година ученици од гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Скопје остварија посета на воздухопловната бригада (вбр) како дел од соработката која вбр ја има со цивилните структури. Целта на посетата беше учениците да се запознаат со професијата воен пилот, како и со вооружувањето, опремата и редовните активности на бригадата. На почетокот учениците ги…

Командите и единиците на Здружената оперативна команда во поддршка на акцијата „Ден на Пролетта“ и „Македонија земја на цвеќето“

На ден 21.03.2014 година во гарнизоните: Куманово, Скопје, Штип, Тетово, Кичево и Прилеп припадниците од Здружената Оперативна Команда (ЗОК) и првопотчинетите команди и единици (ппе) традиционално ја подржаа еколошката акција „Ден на пролетта“ која оваа година се оддржува и под мотото: „Македонија земја на цвеќето – земја на розите“. Во еколошките активности се засадија повеќе…

Обука со снајперисти во гарнизонот Тетово

Во период од 17.03 до 21.03.2014 година во гарнизонот Тетово беше реализирано обука за снајперисти со војниците кои се поставени на формација. Истата беше реализирана од страна на инструктори од составот на полк за Специјални Операции (пСО). Обуката започна со прикажување на наставен филм за историската важност на снајперистот во борба, за истата да продолжи…