Отварање на вежбата Брз Рис-14 во Кичево

Во период од 12 до 16.05.2014 година во касарната „Чеде Филиповски-Даме“ во Кичево ќе се реализира ситуационо-тактичката вежба на терен „Брз Рис 14“. На вежбата е планирано самооценување Ниво 2 на механизираната пешадиска чета во улога на чета за заштита на силите за борбената група на Европската Унија (ЕУБГ 2014-2). Во текот на денешниот ден…

Обука со снајперисти во Гарнизоните Куманово и Штип

Во период од 5 до 09.05.2014 година во касарните “Боро Менков” Куманово и „Јане Сандански“ Штип беше реализирана основна снајперска обука со војниците кои се формациски поставени како снајперисти од составот на 1.механизиран пешадиски баталјон, 2.механизиран пешадиски баталјон и инжинериски баталјон. Обуката беше реализирана од страна на инструктори од составот на ренџерскиот баталјон од полкот…

Работилница во воздухопловната бригада на тема: „Процес на подготовка на декларирана едиица пред упатување во мировна мисија“

Во периодот од 05-09.05.2014 година во работна посета на воздухопловната бригада престојуваа пилоти од Националната Гарда на Вермонт од Соединетите Американски Држави при што беше реализирана работилница на тема: „Процес на подготовка на декларирана единица пред упатување во мировна мисија“. На работилницата беа обработени повеќе теми, меѓу кои: Планови на декларирана хеликоптерска единица пред упатување…

Клучниот персонал од Здружено Оперативната Команда во посета на Универзитетот на Југоисточна Европа

Денес, 08.05.2014 година во Тетово, клучниот персонал од Здружената Оперативна Команда (ЗОК) и првопотчинетите единици остварија посета на Универзитетот на Југоисточна Европа. За време на престојот, командантот на ЗОК генерал мајор Методија Величковски се сретна со проректорот на универзитетот Ендрју Годсмит. На средбата присуствуваа: Заменик на командантот бригаден генерал Мухамет Рацај, началникот на штаб бригаден…

Асоцијација на одбранбени аташеа акредитирани во Република Македонија во посета на воздухопловната бригада

На ден 07.05.2014 година во посета на воздухопловната бригада (вбр) престојуваа членовите на Асоцијацијата на одбранбени аташеа акредитирани во Република Македонија. Во состав на делегацијата беа поголемиот број од резидентни и нерезидентни воени аташеа акредитирани во Република Македонија. По остварената средба со Заменикот на командантот потполковник Роберт Малезански во салата за состаноци беше одржана презентација…

Соработка на 1.мпбр и вбр со цивилните структури

На 5-ти мај во координација со советот на општината претставници од командата и штабот на 1.мпбр и вбр, предводени од командантот на 1.мпбр, бригаден генерал Павле Арсоски и командантот на вбр полковник Кире Колевски присуствуваа на одбележувањето на денот на општината со културно уметничка програма во новоизградената спортска сала во дворот на ОУ „Кочо Рацин“…

Посета на слушатели од втор циклус на студии од Воената Академија на ЗОК и 1.мпбр

Денес, 6-ти мај 2014 година во Здружената Оперативна Команда (ЗОК) се реализираше настава по предметот „Организација на штабот и штабните функции при донесување на воени одлуки“ со слушателите на вториот циклус на студии-специјализација на командни и штабни должности (СКШД). За време на посетата во ЗОК по воведот од страна на командантот на ЗОК генерал-мајор Методија…

Анализа на вежбата „Македонски блесок 10“

Денес 29.04.2014 година во Здружена Оперативна Команда (ЗОК) се одржа анализа на вежбата „Македонски блесок 10“ која се изведе на Армискиот Полигон „Криволак “ во периодот од 05 – 12.04.2014 година. На анализата пред директорот на генералштабот на АРМ генерал мајор Димче Петровски, Заменикот на Командантот на ЗОК бригаден генерал Мухамет Рацај и командантот на…

Обука во инжб за изработка на електрични мрежи и палење на експлозивно полнење

Вчера, 22 април (вторник) 2014 година, на минерското вежбалиште на полигонот „Стенковец’ припадниците на инжинерискиот баталјон (инжб) реализираа вежба со боеви минско-експлозивни средства (МЕС): „Изработка на електрични мрежи и палење на експлозивно полнење“. Вежбата ја изведоа стручно оспособени старешини од инжб кои се подготвени за организација и реализација на вежби со МЕС според „Упатството и…