Со почит и во сеќавање на загинатите припадници од 1.мпбр од гарнизонот Тетово

На ден 5  јуни во касарната „Кузман Јосифовски Питу“ во Тетово со воена церемонија се одбележа тринаесет годишнината од загинување на припадниците од гарнизонот Тетово во воениот конфликт во 2001 година во реонот на селото Гајре. На церемонијата, пред построените единици командантот на 3.мпб одржа пригоден говор. Потоа пред спомен одбележјето на загинатите, од страна…

Обука за животоспасувачи во Воениот Медициски Центар

Во период од 26.05-05.06.2014 година во одделението за медицинска обука на Воено Медициски Центар (ВМЦ) од составот на логистичката бригада се изведува основен курс за животоспасувачи. Курсот го посетуваат припадници од командите и единиците на АРМ кои се подготвуваат за следната ротација на контингентот за мировната мисија „ИСАФ“ во Авганистан. Обуката ја спроведува тим од…

Обука на припадници од баталјонот ПВО за ЛПРС „Игла“ во Република Словенија

Во период од 14.05. до 29.05.2014 година во касарната во Церкље, Република Словенија 16 припадници од баталјонот за противвоздушна одбрана (бПВО) од воздухопловната бригада реализираа обука и усовршување за Лесен Преносен Ракетен Систем (ЛПРС) „Игла“. Обуката се реализира врз основа на билатералната соработка помеѓу армиите на Република Македонија и Република Словенија и се спроведува во…

Медицинскиот тим на АРМ од мисијата АЛТЕА во поддршка на крводарителска акција

Медицинскиот тим на АРМ во мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина учествуваше во медицинска поддршка на доброволна крводарителска акција која се спроведе во кампот Бутмир кај Сараево како резултат на соработка мегу ЕУФОР и Заводот за трансфузиолошка медицина на Федерацијата Босна и Херцеговина. Крводарителската акција е спроведена во дел од просториите на амбулантата каде македонскиот…

Исхрана во природа

Во период од 26.05.2014 година до 30.05.2014 година во реонот на “Калин Камен” во Крива Паланка припадниците на оклопно извидувачкиот вод од 1. механизиран пешадиски баталјон (1.мпб) и шест припадници од инжинериски баталјон од прва механизирана пешадиска бригада реализираа обука “Исхрана во природа”. Целта на ваква специјалистичка обуката е обучување и оспособување за изработка на…

Одбележување на тринаесет години од трагичното загинување на припадник на баталјонот за врски

По повод одбележувањето на тринаесет години од трагичното загинување на припадникот на баталјонот за врски капетан Зоран Бубевски на ден 28.05.2014 година во касарната Илинден пред спомен собата на командата на баталјонот за врски се положи свежо цвеќе и изрази сочувство на семејството на загинатиот. На поменот присуствуваа семејството, пријатели на трагично загинатиот капетан Зоран…

Модернизација на хеликоптер Ми-8 MT

Во изминатиот период тим од компанијата „Елбит“ од Израел работеше на проект на модернизација на хеликоптер Ми-8MT од воздухопловната бригада (вбр). Проектот опфаќа модернизација на колективните палки на хеликоптерот, модернизација на GPS и транспондер, модификација на кабината на хеликоптерот, инсталација на електрични и механички инсталации со цел вградување на современа опрема за ноќно летање ANVIS-HUD…

Успешно завршено учеството на мултилателарната вежба „Платинест Орел 14-2“ во Романија на припадниците од контингентот за следната ротација во мисијата ИСАФ

На ден 24.05.2014 година, пристигнаа припадниците на АРМ од контингентот кој се подготвува за следната ротација за мисијата „ИСАФ“ кои од 13-23.05.2014 година учествуваа на мултинационалната вежба „Платинест Орел 14-2“ во Романија. Вежбата „Платинест Орел 14-2 “ се изведува секоја година во армискиот полигон „Бабадаг“ кој е најголем и најмодерен во Романија, со цел подготовка…

Учество на припадници на Армијата на Република Македонија на осмиот меѓународен турнир во стрелаштво „Гран При Скопје – 2014“

На ден 25.05.2014 година на стрелиштето „Камник“ во Скопје припадниците на АРМ учествуваа на осмиот меѓународен турнир во стрелаштво „Гран При Скопје- 2014“ на кој забележаа забележителни резултати. Турнирот е меѓу наголемите и најатрактивните од овој вид во Европа и се организира секоја година од страна на македонската спортска стрелачка федерација и на него традиционално…