Клучниот персонал од Здружено Оперативната Команда во посета на Универзитетот на Југоисточна Европа

Денес, 08.05.2014 година во Тетово, клучниот персонал од Здружената Оперативна Команда (ЗОК) и првопотчинетите единици остварија посета на Универзитетот на Југоисточна Европа. За време на престојот, командантот на ЗОК генерал мајор Методија Величковски се сретна со проректорот на универзитетот Ендрју Годсмит. На средбата присуствуваа: Заменик на командантот бригаден генерал Мухамет Рацај, началникот на штаб бригаден…

Асоцијација на одбранбени аташеа акредитирани во Република Македонија во посета на воздухопловната бригада

На ден 07.05.2014 година во посета на воздухопловната бригада (вбр) престојуваа членовите на Асоцијацијата на одбранбени аташеа акредитирани во Република Македонија. Во состав на делегацијата беа поголемиот број од резидентни и нерезидентни воени аташеа акредитирани во Република Македонија. По остварената средба со Заменикот на командантот потполковник Роберт Малезански во салата за состаноци беше одржана презентација…

Соработка на 1.мпбр и вбр со цивилните структури

На 5-ти мај во координација со советот на општината претставници од командата и штабот на 1.мпбр и вбр, предводени од командантот на 1.мпбр, бригаден генерал Павле Арсоски и командантот на вбр полковник Кире Колевски присуствуваа на одбележувањето на денот на општината со културно уметничка програма во новоизградената спортска сала во дворот на ОУ „Кочо Рацин“…

Посета на слушатели од втор циклус на студии од Воената Академија на ЗОК и 1.мпбр

Денес, 6-ти мај 2014 година во Здружената Оперативна Команда (ЗОК) се реализираше настава по предметот „Организација на штабот и штабните функции при донесување на воени одлуки“ со слушателите на вториот циклус на студии-специјализација на командни и штабни должности (СКШД). За време на посетата во ЗОК по воведот од страна на командантот на ЗОК генерал-мајор Методија…

Анализа на вежбата „Македонски блесок 10“

Денес 29.04.2014 година во Здружена Оперативна Команда (ЗОК) се одржа анализа на вежбата „Македонски блесок 10“ која се изведе на Армискиот Полигон „Криволак “ во периодот од 05 – 12.04.2014 година. На анализата пред директорот на генералштабот на АРМ генерал мајор Димче Петровски, Заменикот на Командантот на ЗОК бригаден генерал Мухамет Рацај и командантот на…

Обука во инжб за изработка на електрични мрежи и палење на експлозивно полнење

Вчера, 22 април (вторник) 2014 година, на минерското вежбалиште на полигонот „Стенковец’ припадниците на инжинерискиот баталјон (инжб) реализираа вежба со боеви минско-експлозивни средства (МЕС): „Изработка на електрични мрежи и палење на експлозивно полнење“. Вежбата ја изведоа стручно оспособени старешини од инжб кои се подготвени за организација и реализација на вежби со МЕС според „Упатството и…

Опитни артилериски гаѓања на АП „Криволак“

На ден 22 април 2014 година на Армискиот Полигон „Криволак“ се реализираше опитно артилериско гаѓање со цел квалитетен прием на новозадолжени минофрлачи 120 мм од поправка, како и нивна проверка на техничката исправност и воведување во употреба. Артилериско опитно гаѓање беше реализирано и со хаубица 105 мм од артилерискиот баталјон, минофрлачи 82 мм М69 и…

Обука со водот за специјални намени од вбр во борбена претрага и спасување на планината Кожуф

Денес 17.04.2014 година на планината Кожув заврши обуката во борбена претрага и спасување во планински услови на припадниците од водот за специјални намени (всн) од составот на воздухопловната бригада (вбр). Обуката се реализираше во периодот од 14.04.2014 до 17.04.2014 година и на неа учествуваа поголемиот дел од припадниците од составот на водот за специјални намени.…

Успешна соработка со припадници од Министерство за здравство во процесот на оценување на Лесната маневарска болница

На ден 16.04.2014 година во Домот на АРМ во Скопје командантот на бригадата за логистичка поддршка (брЛП) потполковник Кенан Рахиќ оствари средба со медицинскиот персонал од Министерството за здравство кои беа во состав на Лесната маневарска болница (ЛМБ) за време на вежбата „Македонски Блесок 10“. Медицинскиот персонал составен од доктори специјалисти и медицински техничари врз…