Размена на искуства од доменот на цивилно-воената соработка

На ден 07.08.2019 година во Здружената оперативна команда (ЗОК) се реализира средба со претставници од тимот за цивилно-воена соработка на ВС на САД. Во текот на посетата, тимот од САД ги брифираше присутните со организацијата и задачите на CIMIC (цивилно-воена соработка) во единиците на армијата на САД и опции за единиците за CIMIC. Исто така…

Припадниците од 1.механизирана пешадиска бригада на обука за извршување на борбени задачи на водени површини

Припадниците на извидувачкиот вод и водот на воена полиција, од составот на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), во период од 01 до 05.08.2019 година, во центарот за обука на вода „Радожда“ на Охридското езеро, реализираа обука за извршување на борбени задачи на водени површини. Целта на обуката беше извежбување и оспособување на војниците со нови вештини…

Реализирање на обука во летни услови на припадници на баталјонот на Воена Полиција

Во периодот од 09.07 до 01.08.2019 година, во центарот за обука на вода „Радожда“ се реализира обука во летни услови согласно годишниот план за обука за 2019 година со припадниците на баталјонот на Воена Полиција (бвп). Основната цел на оваа обука е припадниците на бвп тимски да се оспособат, извежбаат и обучат во тактики и…

Вонредна крводарителна акција во гарнизонот Петровец и Кичево

Денес на барање на Црвен Крст, во касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец и касарната „Чеде Филипоски-Даме“ во Кичево се реализираа крводарителни акции. Крводарителните акции беа во организација на Институтот за трансфузиона медицина во Скопје во соработка со Црвениот Крст. Во двете акции учество зедоа вкупно 85 припадници и тоа 48 од гарнизонот Петровец и…

Работилница за вежбата „Национален одговор 2019“

Во периодот од 08.07. до 11.07.2019 година во касарната „Чеде Филиповски – Даме“ во гарнизонот Кичево се одржа работилница за подготовка на претстојната вежба „Национален одговор 2019“. Тимовите, под раководство на директорот на вежбата, полковник Жикица Јовановски, во текот на активноста извршија ревидирање на целите за обука, изработија сценарио за вежбата и динамика според која…

Примопредавање на должноста командант на Баталјон за воздушно набљудување и јавување

Денес, во касарната „НХ Страшо Пинџур“ – Петровец, со воена свеченост се изврши примопредавање на должноста командант на Баталјон за воздушно набљудување и јавување (бВНЈ), од составот на воздухопловната бригада (вбр). Должноста командант на бВНЈ од потполковник Александар Крстевски ја прими мајор Оливер Стојановски кој до сега ја извршуваше должноста заменик командант на бВНЈ. На…

Заврши вежбата „Одлучен Удар“

Со денешната церемонија на свечено затварање на армискиот полигон „Криволак“ официјално се означи завршетокот на досега најголемата воена вежба реализирана во Република Северна Македонија – „Одлучен Удар 19“. Пред стројот на учесниците на вежбата денес се обратија командантот на Здружената оперативна команда, која е организатор и реализатор на вежбата, генерал-мајор Павле Арсоски и директорот на…

Посета на 1.мпбр од страна на одбранбеното аташе на Република Хрватска

Денес во посета на Првата механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), беше одбранбеното аташе на Република Хрватска во Република Северна Македонија полковник Маријана Плеша Чадониќ и истата беше пречекана од страна на командантот на 1.мпбр полковник Драган Ковачки со дел од старешините на командата и штабот на 1.мпбр. Во рамки на посетата во командата на 1.мпбр, беше…

Јубилеј 25 години оперативност на Сквадрон за транспортни хеликоптери

Денес во касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец се одбележа јубилеј 25 години оперативност на Сквадрон за транспортни хеликоптери (стх). На свеченоста присуствуваа командантот на воздухопловната бригада (вбр), полковник Роберт Малезански, заменик командантот потполковник, Стојко Пејоски, началниците на секциите, команданти и командири на потчинетите единици на вбр. Свеченоста ја отвори командантот на стх, потполковник Игорчо…