Методска и военостручна обука со новопримените потпоручници

Во период од 09.02 до 13.03.2015 година во 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) од составот на Здружената Оперативна команда (ЗОК) се реализира методска и военостручна обука со потпоручниците, идни командири на водови, распоредени во составот на 1.мпбр. Обуката е со цел новопоставените потпоручници да добијат практична надградба на нивните знаења. На почетокот на обуката потпоручниците…

Тромесечни брифинзи за обука во првопотчинетите единици на ЗОК

Во период од 05.03 до 12.03.2015 година согласно годишниот План за обука во првопотчинетите единици од составот на Здружена Оперативната Команда се реализираа тромесечни брифинзи за обука (ТБО) за првото тромесечие од 2015 година. На брифинзите командантите на единиците се запознаа со степенот на реализираните содржини и активности од доменот на обуката и со нивото…

Одбележување на денот на Резервни Сили

Денес 11 март во касарната „Боро Менков“ во гарнизонот Куманово со воена свеченост се одбележа Денот на резервни сили. Со одлука на претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили д-р Ѓорге Иванов, 11-ти март е одреден за Ден на резервни сили како датум со кој се одбележува превземањето на првата караула, а…

Заврши обуката во зимски услови

Во периодот од 23.02.2015 година до 06.03.2015 година припадниците од 1. и 2. механизиран пешадиски баталјон (1.мпб и 2.мпб) од составот на 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) во реонот на “Лисец” – Плачковица реализираа обука во зимски услови. Согласно годишниот план за обука со ова заврши циклусот на обука во зимски услови на високо планинско…

Во Здружената Оперативна Команда и потчинетите команди и единици се одбележа 8-ми Март – Ден на жената

На ден 06.03.2014 година во Здружената Оперативна Команда (ЗОК) и дел од потчинетите команди и единици по повод 8ми Март – Ден на жената традиционално се организира прием на припадничките од женскиот пол од страна на командантите на единиците . На припадничките од женскиот пол им беше оддадено признание за професионализмот во извршувањето на задачите,…

Средното Економско училиште „Васил Антевски – Дрен“ од Скопје во посета на касарната „Илинден“ и баталјонот на Воената Полиција

Денес 06.03.2015 година ученици од средното Економско училиште „Васил Антевски – Дрен“ од Скопје реализираа еднодневна посета во касарната „Илинден“ и баталјонот на Воената полиција (бВП) како дел од соработката со која единицата ја има со цивилните структури. За време на посетата учениците имаа можност да се запознаат со животот и работата на припадниците на…

Посета на 1.мпбр од страна на инспекциски тим на специфицирана област согласно „Виенски документ 2011“

На ден 04.03.2015 година во 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) престојуваше инспекциски тим од Вооружените Сили на Р.Словенија и Р. Хрватска придружуван од екипа од Одделението за верификација и контрола на вооружувањето при Министерство за одбрана на Република Македонија. Посетата е со цел согледување на состојбата по специфицирана област согласно одредбите на „Виенски документ 2011“. Инспекцискиот…

Припадниците од баталјонот на Воената Полиција успешно ја реализираа обуката во зимски услови

Во период од 02.02. до 26.02.2015 година во центарот за обука во зимски услови „Попова Шапка“ припадниците од баталјонот на Воена Полиција (бВП) во неколку групи реализираа специфична обука во зимски услови. Обуката е дел од редовните вежбовни активности согласно Планот за обука на бВП и има за цел обучување за извршување на задачи во…

Одбележување на „Денот на 1. механизиран пешадиски баталјон“

Денес 26.02.2015 година (четврток) во касарната „Боро Менков“ Куманово, со воена свеченост припадниците од 1 механизиран пешадиски баталјон (1.мпб) го одбележаа 26-ти Февруари, Денот на единицата. Со одлука на претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили д-р Ѓорге Иванов, 26-ти февруари е одреден за Ден на првиот механизиран пешадиски баталјон, како датум…