Одбранбеното аташе на САД во Република Македонија, во посета на Здружено Оперативната Команда и потчинетите единици

На ден 05.09.2014 година во Здружената Оперативната Команда (ЗОК), прва механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) и воздухопловната бригада (вбр), престојуваше персонал од канцеларијата на одбранбеното аташе на САД во Република Македонија предводено од полковник Томас Батлер. Претходно на ден 03.09.2014 година военото аташе и персоналот од канцеларијата престојуваше во воено медицинскиот центар (ВМЦ) од бригадата за…

Крводарителски акции во касарните во Кичево и Штип по повод 8-ми Септември – Денот на Независноста на Република Македонија

На ден 03.09.2014 година во касарната „Чеде Филипоски-Даме“ во Кичево и на ден 04.09.2014 година во касарната „Јане Сандански“ во Штип се спроведе акција за доброволно дарување на крв по повод 8-ми Септември – Денот на Независноста на Република Македонија. Во оваа прилика припадниците на 4.механизиран пешадиски баталјон и 2.логистички баталјон од Кичево ја покажаа…

Предавање на командантот на ЗОК на слушателите на школата за млади лидери во Охрид

На ден 27 Август 2014 година во Охрид, командантот на Здружено Оперативната Команда генерал мајор Методија Величковски оддржа предавање на слушателите на петтата по ред школа за млади лидери, која е проект по иницијатива на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов. На предавањето на тема Воено Лидерство кое се проследи со голем интерес, од…

Одбележување на денот на 3.мпб

Денес (27.08.2014 година) во касарната „Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово се одржа свеченост по повод одбележувањето на денот на 3. механизиран пешадиски баталјон (3.мпб) од составот на 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр). На свеченоста присуствуваа: заменикот на командантот на 1.мпбр полковник Велин Стојановски, претставници од 1.мпбр, локалната самоуправа, МВР, локалните медиуми и други гости. Командантот на…

Пренесување на знаења во обуката на снајперисти

Припадниците на 3. механизиран пешадиски баталјон (3.мпб) од составот на 1. механизирана пешадиска бригада во периодот од 18.08 до 22.08.2014 година реализираа петдневна стручно-специјалистичка обука „Курс за снајперисти“ на гарнизонското стрелиште „Еребино“ во Тетово. Целта на обуката е воено-стручно и методско надградување на знаењата на војниците снајперисти. Одговорен за курсот беше одреден постар водник 1…

Свечено одбележан денот на АРМ во Здружената Оперативна Команда и првопотчинетите единици

На ден 18.08.2014 година со почеток во 10.00 часот во Здружената Оперативна Команда (ЗОК) и гарнизоните каде што се распоредени првопотчинетите единици: Куманово, Петровец, Скопје, Штип, Тетово, Кичево, Прилеп се одржаа воени свечености по повод 18ти Август-Ден на Армијата на Република Македонија. По полагањето цвеќе на бистите на народните херои, чии имиња ги носат касарните,…

Хуманоста на припадниците на армијата на Република Македонија на дело

Во рамките на активностите по повод одбележување на „18ти Август – Денот на АРМ“ припадниците од единиците кои се во состав на Здружено Оперативната Команда зедоа учество во активностите од хуманитарен карактер согласно Програмата за одбележување на празникот. Паралелно со крводарителска акција која се спроведе на ден 13.08.2014 година во гарнизоните Куманово и Тетово, се…

Логистичка помош на големиот народен собир по повод празнувањето на Свети Пантелејмон

На ден 09.08.2014 година кај манастирската црква “Св. Великомаченик Пантелејмон”  во горно Нерези припадниците на Армијата на Република Македонија во рамки на цивилно воената соработка пружија логистичка поддршка на цивилната манифестација која се оддржува по повод празникот „Свети Пантелејмон“. Припадници од 3 логистички баталјон од бригадата за логистичка поддршка  дадоа голем придонес во реализација на …

Средба на припадниците на оклопно механизираните единици во Чојлија

На ден 25.07.2014 година, во касарната „Чојлија“ во оклопниот баталјон (окб) од составот на 1.механизирана пешадиска бригада се реализира средба на припадници на ОМЕ (оклопно механизирани единици) која е прва ваква средба од формирањето на АРМ. На повеќе генерациската средба присустуваа активни старешини од родот ОМЕ од сите команди и единици на АРМ, пензионирани старешини…