Курс за обука на ракувачи со муниција и минско експлозивни средства

Во период од 30 март до 9 април, во организација на Ј-4 на ГШ на АРМ се реализира Курс за обука на ракувачи со муниција и минско експлозивни средства (МиМЕС). Курсот го изведуваа сертифицирани инструктори на Здружената Оперативна Команда (ЗОК) кои непосредно извршуваат должност од оваа област. Цел на обуката е стручно оспособување на ракувачите…

Признание за високиот професионализам на припадниците на АРМ во мисијата „Одлучна поддршка“

За кратко време од отпочнување на извршување на задачите во мисијата „Одлучна поддршка“ македонските мировници продолжија да докажуваат дека со врвен професионализам и посветеност во извршување на задачите остануваат посакуван партнер за соработка од земјите членки на НАТО и останатите коалициони сили кои учествуваат во мисијата. Уште еден доказ за ова е доделување на одликување…

„Отворен ден за цивилните структури“ во шест гарнизони на АРМ

Во рамките на организација на прославата на 2 Април, Денот на 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) од составот на Здружената Оперативна Команда на ден 27.03.2015 година во касарните каде се стационирани единиците од составот на 1.мпбр се организира и реализира „Отворен ден за цивилните структури“. На отворениот ден присуствуваа претставници на локалната самоуправа, приватни фирми…

Подготовка за претстојната вежба „SABER JUNCTION 15“ (SJ-15) во СР Германија

Во период од 05.03 до 27.03.2015 година, механизиран пешадиски вод од 3.механизиран пешадиски баталјон (3.мпб) од составот на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), Здружена Оперативна Команда (ЗОК) ги спроведоа подготовките за учество на вежбата „SABER JUNCTION 15“ (SJ-15) која ќе се реализира во Хохенфелс, СР Германија во период од 01.04 до 29.04.2015 година. Согласно сценариото за…

Во касарната „Илинден“ во Скопје се одбележа четиринаесет години од трагичното загинување на командантот на баталјонот на Воена Полиција

На ден 27.03.2015 година пред командата на баталјонот на Воена Полиција во касарната „Илинден“ во Скопје, се одбележаа четиринаесет години од трагичното загинувањe на Командантот на баталјонот на Воена Полиција капетан 1 класа Љупчо Мирчовски. По тој повод пред спомен обележјето свежо цвеќе положија делегации од Командата на Здружената Оперативна Команда на АРМ, Сектор Службата…

Посета на Здружената Оперативна Команда од асоцијацијата на воени аташеа акредитирани во Република Македонија

На ден 26.03.2015 година во Здруженaта Оперативна Команда (ЗОК) се оствари средба помеѓу асоцијацијата на воени аташеа акредитирани во Република Македонија претставена од резидентни и нерезидентни воени аташеа од 11 земји и клучниот персонал од ЗОК. Посетата е редовна активност која се реализира на годишно ниво врз основа на Програмата за соработка на Министерството за…

Обука за ракувачи во потчинетите единици на бригадата за логистичка поддршка

Во потчинетите единици од составот на бригадата за логистичка поддршка (брЛП) во гарнизоните Кичево, Штип и Скопје во период од 16 март до 24 април се спроведува обука за ракувачи со материјални средства. Согласно Планот и Програмата креирани од страна на изведувачите на курсевите, цел на обуката е оспособување на ракувачите и останатите лица кои…

Вежби во гаѓање со вооружување на ОМЕ

Во деновите 10, 16 и 24 март 2015 година реализирани се “Вежби во гаѓање со вооружувањето на ОМЕ” со, според новата организациско формациска структура, тенковски чети од тенковскиот баталјон од составот на 1.механизирана пешадиска бригада. Гаѓањата се реализираа на стрелиштето Петровец во секторот “Минијатурно тенковско стрелиште” со командирите на тенкови и нишанџии на тенк Т-72.…

Иницијална планирачка конференција за вежбата „Македонски Блесок 11“

Во период од 16-20 март 2015 година, во Центарот за обука (ЦО) Пепелиште се реализира Иницијалната планирачка конференција (ИПК) за вежбата „Македонски блесок 11”. Планирањето на вежбата се реализира врз основа на Планот за оценување на декларираните единици по Концептот за оперативни способности и Директивата за планирање на вежби Bi-SCD 75-3. За време на отварањето…