Примопредавање на должност командант на инженерискиот баталјон

Денес 14 септември 2015 година (понеделник), со почеток во 11:00 часот, во касарната „Илинден“ во Скопје, се одржа свеченост по повод примопредавањето на должноста командант на инженерискиот баталјон (инжб) од составот на Првата механизирана пешадиска бригада (1.мпбр). Должноста командант на инженерискот баталјон од потполковник Дејан Чиплаковски ја прими мајорот Васил Митевски кој досега ја извршуваше…

Одбележување на денот на бПВО

Денес (14.09.2015 година) во касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец се одржа свеченост по повод одбележувањето на денот на баталјонот за против-воздушна одбрана (бПВО) од составот на воздухопловната бригада (вбр). На свеченоста присуствуваа Командантот на воздухопловната бригада полковник Кире Колевески, Заменик Командантот на вбр потполковник Роберт Малезански, претставници од вбр, бивши Команданти и припадници на…

Финална Координативна Конференција за вежбата „Македонски Блесок 11“

Во Центарот за обука (ЦО) Пепелиште во период од 31.08-04.09.2015 година се реализира Финалната Координативна Конференција (ФКК) за вежбата „Македонски Блесок 11” (МБ-11). На конференцијата, под раководство на директорот на вежбата и лидерите на синдикатите се изработени сите документи предвидени со Директивата за планирање на вежби на НАТО 75-3, Динамички план за подготовка и реализација…

Реализирана стручно специјалистичка обука во летни услови во кампот Радожда

Припадниците од извидувачките водови од составот на потчинетите единици на првата механизирана пешадиска бригада од Здружената Оперативна Команда, во период од 20.08.2015 година до 04.09.2015 година, во кампот Радожда на Охридското езеро реализираа стручно специјалистичка обука во летни услови. Цел на обуката е оспособување на припадниците од овие водови за користење во техники и стилови…

Примопредавање на должност командант на Воено Медицинскиот Центар

Воено Медицинскиот Центар (ВМЦ) во состав на бригадата за логистичка поддршка (брЛП) од Здружената Оперативна Команда (ЗОК) од денес 27.08.2015 година е под раководство на нов командант. Примопредавањето на должноста командант помеѓу досегашниот командант на ВМЦ полковник Душан Стојановиќ и новопоставениот командант потполковник Ирена Минева се реализира на воена свеченост во кругот на командата на…

Одбележување на 27-ми Август Денот на 3.мпб во гарнизонот Тетово

Денес, 27 Август (четврток) 2015 година во касарната Н.Х “Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово со воена свеченост припадниците на 3.механизиран пешадиски баталјон (3.мпб) го одбележаа 27-ми Август Денот на единицата. На свеченоста присуствуваа преставник од Здружено оперативната команда, командантот на 1.мпбр, команданти на бригади и баталјони од составот на АРМ, поранешни команданти и припадници на единицата…

Свечено примопредавање на должност Заменик на Командант на Здружената Оперативна Команда

Денес, 26.08.2015 година во просториите на Здружената Оперативна Команда (ЗОК), се реализира примопредавање на должноста Заменик на Командантот на Здружената Оперативна Команда (ЗОК) помеѓу генерал мајор Мухамет Рацај кој досега ја извршуваше должноста и новопоставениот на оваа должност бригаден генерал Павле Арсоски. На свеченоста пред дел од клучниот персонал на ЗОК со пригодни говори се…

Примопредавање на должност командант на баталјонот на воена полиција

Денес 26 август 2015 година (среда), во касарната „Илинден“ во Скопје, се одржа свеченост по повод примопредавањето на должноста командант на баталјонот на воена полиција (бВП) од состав на Здружената Оперативна Команда (ЗОК). Должноста командант на бВП од потполковник Роберт Тасевски ја прими потполковникот Васко Коколански кој досега ја извршуваше должноста началник на штаб во…

Присуство на делегација од АРМ на смена на командантот на SEEBRIG во Лариса, Грција

Делегација на АРМ предводена од бригаден генерал Павле Арсоски на ден 20 и 21.08.2015 година, присуствуваше на свеченост а по повод смена на командантите на SEEBRIG (South-Eastern Europe Brigade – Југо Источната Европска Бригада), во Лариса, Грција. SEEBRIG е формирана во 1999 година, како резултат на договорот за регионална соработка на полето на одбраната познат…