Кондиционо-тактички маршеви во единиците на 1.мпбр

Во месец јули 2015 година во потчинетите единици на 1. механизирана пешадиска бригада од составот на Здружено Оперативната Команда беа реализирани планираните кондиционо-тактички маршеви. Маршевите претставуваат плански активности според календарот за обука на 1.мпбр за 2015 година и нивна главна цел е подобрување на тактичката и физичката подготвеност на персоналот. За време на маршот сите…

Финален испит за ноќно гаѓање

На 14 и 15.07.2015 година со новите пилоти од составот на сквадронот за транспортни хеликоптери (стх) од составот на воздухопловната бригада, Здружено оперативна команда, се реализира финален испит за ноќно летање. Како дел од испитот на ден 14.07 беше реализирано ноќно летање во реонот на аеродромот „Александар Велики“, а потоа беше реализиран испитот кој пилотите…

Реализирано боево гаѓање со Противавионски топ со питомци од Воената Академија

На ден 15.07.2015 година, баталјонот за противвоздушна одбрана (бПВО) како дел од стручно специјалистичката обука, со питомци од родот артилериско ракетни единици за противвоздушна одбрана (АРЕ ПВО) од 4-та година на Воената Академија (ВА) „Генерал Михајло Апостолски“ реализира одделенско боево гаѓања на цели на земја со противавионски топ (ПАТ) 20/3 мм на реден број 1…

Реализација на Иницијална планирачка конференција за вежбата “Freedom Shock” во баталјонот на Воена Полиција

Во период од 09.07 до 10.07.2015 година во баталјонот на Воена полиција (бВП) се реализира иницијална планирачка конференција за билатералната вежба за инплементација на “Freedom Shock” концептот. На конференцијата припадниците од бВП и претставници на Армијата на Соединетите Американски Држави ги дефинираа темите, насоките и планот по кој ќе се реализира вежбата за примена на…

Тактичко технички збор со тенк Т-72 во рамки на состанокот на клучниот персонал во 1.мпбр

На ден 07.07.2015 година во касарната „Страшо Пинџур” во Петровец и во касарната „Чојлија“ во рамки на состанокот на командантот на прва механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) со клучниот персонал од командата и штабот на бригадата и командантите и командирите на потчинетите единици се реализира тактичко технички збор со тенк Т-72. Притоа од страна на припадниците…

Работилница за изработка на финални документи за вежбата „Македонски Блесок-11“

Во Центарот за Обука (ЦО) Пепелиште во период од 22 до 26 јуни 2015 година се реализира Работилница за изработка на финални документи за претстојната вежба: „Македонски Блесок – 11“ (МБ-11) на која ќе се реализира НАТО оценување Ниво 2 на една чета од баталјонот за Воена полиција и Самооценување Ниво 1 на Ренџерска чета.…

Заедничка обука на припадниците од АРМ со Територијалните противпожарни единици во Куманово и Кичево

На ден 26.06.2015 година во касарните „Боро Менков“ во Куманово и „Чеде Филиповски-Даме“ во Кичево се реализира заедничка обука на припадниците на АРМ од овие гарнизони со припадници од територијалните противпожарни единици (ТППЕ) од Куманово и Кичево на тема: „Против пожарна заштита, пристап и гаснење на пожар, употреба на против пожарни апарати и средства за…

Посета на командантот на ЗОК на Оперативната Команда на Вооружените сили на Република Полска

Делегација на АРМ предводена од командантот на Здружената Оперативна Команда (ЗОК), генерал мајор Методија Величковски во период од 23-24 Јуни 2015 година оствари возвратна посета на Оперативната Команда на Вооружените сили (ОКВС) на Република Полска. Согласно планот на посетата командантот на ЗОК оствари средба со командантот на ОКВС генерал потполковник Марек Томашицки, а се реализираа…

Реализација на вежбовни активности со хеликоптерите Ми-8/17 и Ми -24 од воздухопловната бригада

Како дел од планските активности за обука на потчинетите единици од здружената оперативна команда, на 24 и 25.06.2015 година на АП „Криволак“ воздухопловната бригада (вбр) реализира вежбовни активности со хеликоптери од типот Ми-8/17 и Ми-24 од составот на вбр. Активноста гранатирање, ракетирање и бомбардирање (ГРБ) од хеликоптерите се состои од гаѓање на земјени цели со…