Борбена претрага, спасување и извлекување на повреден од непристапен терен

Припадниците на водот за специјални намени, сквадронот на транспортни хеликоптери и дел од командата на вбр, во период од 19-20.03.2019 година реализира обука согласно годишниот план за обука на единицата. Како дел од обуката беше реализирана вежба „Борбена претрага, спасување и извлекување на повреден од непристапен терен“ која беше завршена успешно и со огромна професионалност.…

Посета на баталјонот за врски и баталјонот на Воена полиција од учесници на НАТО работилницата за вежбата „REGEX19“

Денес баталјонот за врски (бВ) и баталјонот на Воена полиција (бВП) ги посетија учесниците на НАТО работилницата за вежбата „REGEX19“ како и началникот на штаб на ЗОК (Здружена Оперативна Команда), полковникот Бесник Емини. Учесниците беа пречекани од страна на командантите на овие две единици на ЗОК. Командантот на бВ, потполковник Илија Дамчевски во своето излагање…

Инспекција на специфицирана област по „Виенскиот Документ 2011“

Во Здружената оперативна команда (ЗОК), Првата механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) и Бригадата за логистичка поддршка (брЛП) реализирана е дводневна инспекција на специфицирана област согласно одредбите на „Виенскиот Документ 2011“. Тимот за инспекција беше во состав од тројца претставници на ВС на Романија и еден инспектор од армијата на Сојузна Република Германија. Во командите на ЗОК,…

Месечно реферирање на командантите пред командантот на Здружената оперативна команда

Во командата на Бригадата за логистичка поддршка (брЛП), се реализира реферирање на командантите на првопотчинетите единици на Здружената оперативна команда (ЗОК) за статусот на борбената готовност за месец февруари 2019 година. Командантите на првопотчинетите единици на командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски му реферираа за реализираните задачите во изминатиот месец, проблемите како и за тежишните…

Одбележан Денот на Командата на резервни сили

Денес во касарната „Боро Менков“ во Куманово, се одбележа 11-ти Март, Денот на Резервни сили на Армијата. На одбележувањето присуствуваа командантот на Здружената оперативна команда (ЗОК), генерал-мајор Павле Арсоски, заменикот на командантот на ЗОК, бригаден генерал Орце Јордев, команданти на единици во Армијата, претставници од Здружението на резервни офицери, државните и општествени организации од локалната…

Состанок на командантите во Здружената оперативна команда

Во Здружената оперативна команда (ЗОК) се одржа состанок на командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски со командантите на бригадите и командантите на баталјоните во потчинетите единици на ЗОК. Од страна на командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски на клучниот персонал од првопотчинетите единици издадени се задачи во врска со претстојната трансформација, задачите кои произлегуваат од…

Посета на воздухопловната бригада од Државниот училиштен центар „Партенија Зографски“ Скопје

Денес 08.03.2019 година во посета на воздухопловната бригада (вбр), во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец беа децата од Државниот училиштен центар „Партенија Зографски“ од Скопје. На младите посетители и нивните учителки, најнапред топло добредојде им посака заменикот на командантот на вбр, потполковник Стојко Пејовски и потоа преку брифинг и непосреден дијалог, имаа можност да се…

Обука за предни набљудувачи во артилериски баталјон

Во деновите од 4 до 08.03.2019 година, во просториите на артилерискиот баталјон во касарната „Мирче Ацев“ и стрелиштето ,,Леково“ во Прилеп, согласно Годишниот план за работа на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), се реализира четиридневна обука и размена на искуства од областа на артилеријата. На обуката учествуваа офицери, подофицери и војници од артилерискиот баталјон, предните набљудувачи…

Реализирана 3-та национална работилница за вежбата „REGEX 19“

Во ЦО „Пепелиште“ во период од 04.03 до 07.03.2019 година се реализира третата националната работилница за вежбата „REGEX 19“ на која учествуваа припадници од Здружена оперативна Команда, 1. механизирана пешадиска бригада, бригадата за логистичка поддршка, Команда за обука и доктрини и полкот за специјални операции. На отворањето од националната работилница директорот на вежбата, полковник Звонко…