На вежбата „Електрон“ потврдена целосната функционалност на комуникациско информатичкиот систем на врски во единиците на ЗОК

Во период од 22.09 до 24.09.2015 година во организација на Здружената Оперативна Команда (ЗОК) се реализира тактичка стручна вежба „Електрон 2015“ на која учествуваа припадници на секциите од командите и единиците за врски и комуникациско информациски системи (КИС) од ЗОК и потчинетите команди и единици. Вежбата се реализира на повеќе издвоени локации во зоната на…

Учество на припадници на АРМ на меѓународната вежба „Брз Одговор – 15“

Во периодот од 09.09 – 22.09.2015 година припадници на АРМ во улога на штабен персонал учествуваа на вежбата „Брз Одговор 15“ (Immediate Response – 15) која се реализираше истовремено во Република Словенија, СР Германија и Република Хрватска. Активностите на вежбата се реализираа на вежбовниот полигон „Еуген Квареник“ во Слуњ, во симулациониот центар во Загреб, вежбовниот…

Посета на Националната Гарда (НГ) на Вермонт – САД на Здружената Оперативна Команда

Денес 22 септември 2015 година висока делегација на Националната Гарда (НГ) на Вермонт – САД, предводена од командантот на НГ на Вермонт, генерал-мајор Стивен Креј во рамките на официјалната посета на АРМ, престојуваше во Здружената Оперативна Команда (ЗОК) на АРМ. Делегацијата најпрвин реализира средба со заменикот на командантот на ЗОК, бригаден генерал Павле Арсоски, а…

Примопредавање на должност командант на 4.механизиран пешадиски баталјон

Денес, 21 септември (понеделник) 2015 година во касарната „Чеде Филиповски – Даме“ во Кичево, се одржа свеченост по повод примопредавање на должноста командант на 4. механизиран пешадиски баталјон (4.мпб) од составот на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр). Должноста командант на 4.мпб од потполковник Благоја Мијакоски ја прими потполковник Боро Латкоски, кој досега ја извршуваше должноста началник…

Одбележување на 17-ти Септември, Денот на 2. механизиран пешадиски баталјон

Денес 17.09.2015 година во касарната „Јане Сандански“ Штип, со воена свеченост припадниците од 2. механизиран пешадиски баталјон (2.мпб) од составот на 1. механизирана пешадиска бригада, Здружена оперативна команда (ЗОК) го одбележаа 17 септември, Денот на единицата. На свеченоста присуствуваа командантот на ЗОК, бригаден генерал Васко Ѓурчиновски, командантот на 1.мпбр, полковник Зоран Милески, градоначалници од зоната…

Примопредавање на должност командант на 1.механизиран пешадиски баталјон

Денес 15 септември 2015 година (вторник), во касарната „Боро Менков“ во Куманово, се реализира свеченост по повод примопредавањето на должноста командант на 1. механизиран пешадиски баталјон (1.мпб) од составот на Првата механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) во Здружена оперативна команда (ЗОК). Должноста командант на 1.мпб од потполковник Али Хајро ја прими потполковник Лулзим Нуредини кој досега…

Примопредавање на должност командант на инженерискиот баталјон

Денес 14 септември 2015 година (понеделник), со почеток во 11:00 часот, во касарната „Илинден“ во Скопје, се одржа свеченост по повод примопредавањето на должноста командант на инженерискиот баталјон (инжб) од составот на Првата механизирана пешадиска бригада (1.мпбр). Должноста командант на инженерискот баталјон од потполковник Дејан Чиплаковски ја прими мајорот Васил Митевски кој досега ја извршуваше…

Одбележување на денот на бПВО

Денес (14.09.2015 година) во касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец се одржа свеченост по повод одбележувањето на денот на баталјонот за против-воздушна одбрана (бПВО) од составот на воздухопловната бригада (вбр). На свеченоста присуствуваа Командантот на воздухопловната бригада полковник Кире Колевески, Заменик Командантот на вбр потполковник Роберт Малезански, претставници од вбр, бивши Команданти и припадници на…

Финална Координативна Конференција за вежбата „Македонски Блесок 11“

Во Центарот за обука (ЦО) Пепелиште во период од 31.08-04.09.2015 година се реализира Финалната Координативна Конференција (ФКК) за вежбата „Македонски Блесок 11” (МБ-11). На конференцијата, под раководство на директорот на вежбата и лидерите на синдикатите се изработени сите документи предвидени со Директивата за планирање на вежби на НАТО 75-3, Динамички план за подготовка и реализација…