Посета на командантот на воздухопловниот ВИНГ на Националната Гарда на Вермонт на единиците на АРМ

Командантот на Воздухопловниот ВИНГ на Националната Гарда во Вермонт, САД – полковник Гини Патрик беше во тридневна посета на Здружената оперативна команда (ЗОК). Посетата баше реализирана во периодот од 20-22.04.2016 година во командата на ЗОК и потчинетите единици. Во негова придружба беа одбранбеното аташе на САД во Република Македонија, полковник Томас Батлер со претставници од…

Артилерискиот баталјон го одбележа 10 Април – Денот на единицата

Во касарната „Мирче Ацев“ Прилеп, со воена свеченост припадниците на артилерискиот баталјон (артб) го одбележаа 10 Април – Денот на единицата. На свеченоста присуствуваа: командантот на Здружената оперативна команда, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, командантот на 1. механизирана пешадиска бригада, бригаден генерал Зоран Милески, команданти на единиците на АРМ, поранешни команданти на артилериските единици, претставници од Сојузот…

Учество на делегација на АРМ на меѓународен симпозиум за воздушно војување во Република Турција – 2016

Делегација на АРМ предводена од Началникот на Штаб во Здружено оперативната команда (ЗОК), бригаден генерал Азим Нуредин во периодот од 30.03 до 02.04.2016 година учествуваше на Меѓународен симпозиум за воздушно војување 2016 (International Sympozium on Air Warfere 2016 – ISAW’16) кој се реализираше во Истанбул, Турција. Симпозиумот беше во организација на турскиот воздухопловен колеџ и…

Одбележување на петнаесет години од трагичното загинување на Командантот на баталјонот на Воена Полиција

Денес 28-ми Март 2016 година во касарната „Илинден“ во Скопје беше одржан помен по повод навршувањето на 15 години од трагичното загинување на капетан 1 класа Љупчо Мирчовски (тогашен командантот на баталјонот на Воената Полиција). По тој повод на спомен обележјето пред командата на баталјонот на Воена Полиција (бВП), свежо цвеќе положија: Командантот на Здружената…

Реализирана крводарителна акција во пресрет на одбележување на Денот на 1.мпбр“

Во рамки на програмата за одбележување на 2-ри Април, денот на прва механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) од составот на Здружената Оперативна Команда, во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец се реализира акција за доброволно дарување на крв. Акцијата се реализира во организација на екипа од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје во соработка со Црвен Крст…

Одбележан денот на Резервните сили во касарната „Боро Менков“ во Куманово

Во касарната „Боро Менков“ во Куманово, припадниците од командата на Резервни сили го одбележаа „11-ти Март, Денот на единицата“. На одбележувањето присуствуваа командантот на ЗОК генерал мајор Васко Ѓурчиновски, заменик командантот на ЗОК бригаден генерал Павле Арсоски, началник на штаб во ЗОК бригаден генерал Азим Нуредин, претставници од Здружението на резервни офицери, државните и општествени…

Посета на првата механизирана пешадиска бригада од асоцијацијата на воени аташеи акредитирани во Република Македонија

Делегација од воени аташеи акредитирани во Република Македонија (резидентни и нерезидентни) од повеќе земји беше во работна посета на првата механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) во касарната во Петровец и прифатно-транзитниот камп за бегалци „Винојуг“ во Гевгелија. Посетата е редовна активност која се реализира на годишно ниво врз основа на Програмата за соработка на Министерството за…

Признание за припадниците од 3.мпбн од Општина Тетово за придонесот во справувањето со поплавите

По повод одбележувањето на 3 (трети) март, Денот на општина Тетово, со почеток во 11.00 часот, во салата на општина Тетово, се одржа свечена седница на советот на општина Тетово каде што беа доделени плакати и признанија на сите оние кои дале свој придонес во афирмацијата на општина Тетово во текот на 2015 година. На…

Со воена свеченост одбележан „Денот на единицата 26-ти Февруари“

Во касарната „Боро Менков“ во Куманово, со воена свеченост припадниците од 1 механизиран пешадиски баталјон (1.мпб) го одбележаа „26-ти Февруари, Денот на единицата“. Со одлука на претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили д-р Ѓорге Иванов, 26-ти февруари е одреден за Ден на првиот механизиран пешадиски баталјон, како датум со кој се…