Примопредавање на должност командант на тенковскиот баталјон

Во касарната „Чојлија“ во Петровец, се реализира свеченост по повод примопредавањето на должноста командант на тенковскиот баталјон (тб) од составот на Првата механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), Здружена оперативна команда. Должноста командант на тб од потполковник Тони Седмаков ја прими потполковник Тони Златевски кој досега извршуваше должност во секција Ј-7 во ЗОК. На свеченоста присуствуваа заменикот…

Посета на воздухопловната бригада од Општинска Детска Градинка „Срничка“

Децата од Општинска Детска Градинка „Срничка“, клон „Изворче“, Општина Аеродром беа во посета на воздухопловната бригада (вбр) во касарната „Страшо Пинџур“, Петровец . Младите посетители имаа можност да се запознаат со дел од персоналот од воздухопловната бригада и нивната секојдневна работата. На задоволство на посетителите, беа изложени неколку воздухоплови ,во кои тие имаа можност да…

Присуство на делегација од АРМ на Ден на високи гости на НАТО вежбата „Trident Juncture 15“

По завршувањето на вежбата „Trident Juncture 15“ (TJ-15). на ден 04.11.2015 година на полигонот Сан Грегорио, Сарагоса – Шпанија беше реализиран Ден за високи гости на кој присуствуваа делегации од воениот врв на сите НАТО членки и партнерските земји. Од страна на АРМ на активноста присуствуваше делегација предводена од Заменик на командантот на ЗОК, бригаден…

Посета на вбр од страна на претставници од Амбасадата на САД во Република Македонија

На ден 06.11.2015 година во посета на воздухопловната бригада (вбр) во касарната НХ „Страшо Пинџур“ присуствуваа претставници од Амбасадата на САД во Република Македонија. Во состав на делегацијата од Амбасадата на САД покрај одбранбеното аташе на САД во Република Македонија, полковник Томас Батлер, беше и воздухопловното одбранбено аташе, потполковник Џенифер Форд. Посетата е дел од…

Прием на новопоставените потпоручници од страна на командантот на ЗОК

На ден 02.11.2015 година, во Здружената оперативна команда (ЗОК) во касарната „Боро Менков“ во Куманово, од страна на командантот на ЗОК бригаден генерал Васко Ѓурчиновски, беа примени 26 новопоставени потпоручници на служба во Армијата на Република Македонија. Командантот на ЗОК во своето обраќање ги поздрави потпоручниците и им посака добредојде и успешна работа. Генералот Ѓурчиновски…

Свечено одбележан денот на баталјонот на Воена полиција

Денес, 29-ти Октомври во касарната ,,Илинден“ во Скопје, за прв пат на овој датум со воена свеченост се одбележа денот на баталјонот на Воена полиција (бВП) од составот на Здружената Оперативна Команда (ЗОК). Со одлука на Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили Ѓорѓе Иванов, 29-ти Октомври е определен за ден на…

Припадниците на баталјонот за врски го одбележаа денот на единицата

Денес 21.10.2015 година во касарната „Илинден“ во Скопје се реализира воена свеченост на која припадниците на баталјонот за врски го одбележаа денот на единицата. Со одлука на претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили д-р Ѓорѓе Иванов, 21 октомври е одреден за Ден на баталјонот за врски, како датум со кој се…

Примопредавање на должност командант на артилериски баталјон

На ден 19.10.2015 година во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп се реализира воена свеченост по повод примопредавањето на должноста, командант на артилериски баталјон помеѓу, полковник Жарко Ристески кој досега ја извршуваше оваа должност и новопоставениот командант потполковник Ивица Цветковски. На свеченоста присуствуваа: командантот на Здружена оперативна команда бригаден генерал Васко Ѓурчиновски, командантот на прва механизирана…

Со воена свеченост одбележан Денот на Здружената Оперативна Команда

Денес 16 октомври во касарната „Боро Менков“ во Куманово Здружената Оперативна Команда (ЗОК) со воена свеченост го одбележа по втор пат денот на единицата. Со одлука на претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили Ѓорѓе Иванов, 17.октомври е определен за ден на Здружената Оперативна Команда како спомен на одбележување согласно традициите на…