Одбележување на Денот на 2.механизиран пешадиски баталјон (2.мпб)

Денес 16.09.2016 година во касарната „Јане Сандански“ Штип, со воена свеченост припадниците од 2. механизиран пешадиски баталјон (2.мпб) од составот на 1. механизирана пешадиска бригада, го одбележаа Денот на единицата. На свеченоста присуствуваа претставник од здружено оперативната команда (ЗОК) командантот на 1.мпбр, бригаден генерал Зоран Милески, градоначалници од зоната на одговорноста, претставници и директори на…

Посета на воздухопловната бригада од страна на Одбранбеното Аташе на Република Франција во Република Македонија

Согласно планот за билатерална соработка помеѓу Франција и Република Македонија, на ден 15.09.2016 година Аташето за одбрана при Амбасадата на Франција во Република Македонија – потполковник Александер Ноер ја посети воздухопловната бригада. Аташето за одбрана на Франција за време на посетата истакна три проекти од областа на воздухопловството за можна соработка со вооружените сили на…

Одбележување на денот на бПВО

Денес (13.09.2016 година) во касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец се одржа свеченост по повод одбележувањето на денот на баталјонот за против-воздушна одбрана (бПВО) од составот на воздухопловната бригада (вбр). На свеченоста присуствуваа претставници од Здружено Оперативната Команда, Заменик Командантот на воздухопловната бригада, Началникот на Штаб на вбр, претставници од вбр, бивши Команданти и припадници…

Доброволно дарување на крв на припадниците на АРМ

Согласно на меморандумот за соработка на Министерството за Одбрана со Црвен Крст на Република Македонија и Институтот за трансфузиона медицина, во касарната „Јане Сандански“ во Штип се реализира акција за доброволно дарување на крв. Со пораката „Вашата крв ќе спаси еден живот“, припадниците од 2 механизиран пешадиски баталјон (2.мпб) во состав на прва механизирана пешадиска…

Одбележување на 27-ми Август „Денот на 3.механизиран пешадиски баталјон“

Денес, 26-ти Август 2016 година (петок), во касарната Н.Х. “Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово, со воена свеченост, припадниците на 3.механизиран пешадиски баталјон (3.мпб) го одбележаа „Денот на единицата“. На свеченоста присуствуваа командантот на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) биргаден генерал Зоран Милески, претставници од командата и потчинетите единици на ЗОК, 1.мпбр и 2.логистички баталјон (2.лб), поранешни команданти…

Свечен собир на вработените на ЗОК по повод Денот на Армијата на Република Македонија

Во касарната „Боро Менков“ во Куманово, пред зградата на Здружената оперативна команда се одбележа Денот на Армијата на Република Македонија со свечено постројување на вработените во Здружената оперативна команда. Пред присутните, Командантот на Здружената оперативна команда, генерал-мајорот Васко Ѓурчиновски одржа пригоден говор. Во говорот, тој истакна дека 24-тиот роденден на Армијата се одбележа симболично, во…

Одбележување на 15 години од загинувањето кај месноста Карпалак, Тетово на десет припадници од резервниот состав на артилерискиот баталјон

На ден 07.08.2016 година во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп со воена свеченост беа одбележани 15 години од загинувањето на десет припадници од резервниот состав на артилерискиот баталјон од Прилеп. Во 2001 година, на пат кон Тетово кај месноста Карпалак, загинаа капетанот во резерва Нане Наумоски, поручникот во резерва Сашо Китаноски и воените обврзници Бранко…

Успешна асистенција на припадниците на вбр при спречување на пожар

На ден 14.07.2016 година, Армијата на Република Македонија изврши гасење на шумскиот пожар во Националниот парк „Јасен”, во согласност со плановите за употреба на Армијата во поддршка на централната и локалната власт при справување со пожари. Веднаш после приемот на информацијата за настанатиот пожар, еден хеликоптер МИ 8/17 од составот на воздухопловната бригада, во периодот…