Свечено прославен денот на Баталјонот за врски

Во касарната „Илинден“ – Скопје, се одржа свеченост по повод „21-ви Октомври“ денот на Баталјонот за врски од составот на Здружената оперативна команда. Во обраќањето на свеченоста заменик командантот на Здружената оперативна команда бригаден генерал Павле Арсоски го истакна значењето на баталјонот за врски за функционирање на Армијата на Република Македонија. Исто така оддаде јавно…

Експертски разговори и размена на искуства во врска со програмата за размена на радарски податоци за ситуацијата во воздушниот простор

Во периодот од 19.10-21.10.2016 година воздухопловната бригада (вбр) беше посетена од страна на делегација од Генералштабот на Воената Авијација на Република Грција – Директорат А4. Цел на посетата беше „Експертски разговори и размена на искуства во врска со воздушното набљудување, воздушното патролирање (Air Policing), Renegade, Обука на персоналот и ASDE (Air Situation Data Exchange) програмата…

Посета на воздухопловната бригада од Детска Градинка „Пролет“ Скопје

Денес 20.10.2016 година во посета на воздухопловната бригада (вбр), во касарната „Страшо Пинџур“ беа децата од Детска Градинка „Пролет“ од Скопје, Општина Карпош. Младите посетители имаа можност да се запознаат со дел од персоналот од воздухопловната бригада и нивната секојдневна работата. На задоволство на посетителите, беа изложени неколку воздухоплови ,во кои тие имаа можност да…

Одбележување на денот на бВНЈ

Во касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец се одржа воена свеченост по повод одбележувањето на “15. Октомври – денот на баталјонот за Воздушно Набљудување и Јавување (бВНЈ)“ од составот на воздухопловната бригада (вбр). На свеченоста присуствуваа: Командантот на вбр, Заменикот на Командантот на вбр, Началникот на Штаб на вбр, претставници од командата на вбр, претставници…

Одбележување на патронат на касарната „Боро Менков“

Во касарната „Боро Менков“ Куманово, со полагање на цвеќе пред бистата на Народен Херој “Боро Менков“ беше одбележан патронатот на касарната, односно 75 години од загина на народниот херој чие име со гордост го носи касарната. Со пригоден говор за ликот и делото на народниот херој Боро Менков пред присутните се обрати командантот на касарната…

Припадниците на АРМ во Прилеп со повеќе активности го одбележаа 11.Октомври – Ден на Народното востание

Припадниците на АРМ од составот на 1.мпбр (прва механизирана пешадиска бригада) со повеќе активности активно се вклучија во одбележување на големиот македонски празник, 11.Октомври – Денот на народното востание. Во пресрет на празникот, на ден 10.10.2016 година во касарната „Мирче Ацев“во Прилеп се реализира крводарителна акција. Војниците и старешините ја докажаа својата хуманост, несебично дарувајќи…

„Курс за предболничка медицинска поддршка при траума“ и „Воено-медицински персонален курс“ во ВМЦ

Во период 03-07.10.2016 во Регионалниот Медицински Тренинг Центар при Воено Медицинскиот Центар се одржа „Курс за предболничка медицинска поддршка при траума“ (PHTLS – Pre Hospital Trauma Life Support) и „Воено-медицински персонален курс“. Слушатели на обуките беа 11 доктори на медицина и медицински техничари од ВМЦ кои во тек на наставата имаа можност да го унапредат…

Асоцијацијата на воени аташеи во посета на тенковскиот баталјон

На ден 06 октомври 2016 година, во посета на тенковскиот баталјон од 1.механизирана пешадиска бригада, Здружена Оперативна Команда, престојуваа одбранбените аташеи акредитирани во Република Македонија. Посетата се реализира согласно Програмата за соработка на Министерството за одбрана на Република Македонија со Асоцијацијата на одбранбени аташеа во Република Македонија за 2016 година. Од страна на заменикот на…

Посета на воздухопловната бригада од асоцијацијата на воени аташеи акредитирани во Република Македонија

Денес 06.10.2016 година во работна посета на воздухопловната бригада (вбр) во касарната во Петровец беше делегација од воени аташеи акредитирани во Република Македонија (резидентни и нерезидентни) од повеќе земји. Воените аташеи имаа можност преку презентација да се запознаат со структурата, мисијата и задачите, идните предизвици но и за останати прашања за кои гостите искажаа интерес.…