Методско нагледна вежба „Постапка на органите за противпожарна заштита во различни ситуации“

На ден 23.06.2016 година во касарнaта „Чеде Филиповски-Даме“ во Кичево се организира и реализира заедничка Методско нагледна вежба (МНВ) на тема: “Постапка на органите за противпожарна заштита во различни ситуации” со персоналот од 4.механизиран пешадиски бaталјон (4.мпб) и припадниците од територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од градот Кичево. MНВ се организираше на ниво на 1.механизирана пешадиска…

Поддршка за инженериска обука на курсот за командири на водови

Во деновите 16.06. и 18.06.2016 година инженерискиот баталјон ја поддржа обуката на Курсот на водови, организиран од страна на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ – Скопје. Поддршката на обуката се реализира на гарнизонското стрелиште „Стенковец“ со организација на 3 (три) вежби со боеви минско експлозивни средства (МЕС) во наведените денови, а со цел идните командири…

Заедничка свечена офицерска вечера

На ден 10.06.2016 година (петок), во периодот од 18.00-22.00 часот во реонот на Дојран се реализира свечена офицерска вечера помеѓу припадниците на Армијата на Република Македонија и Вооружените сили на Обединетото Кралство заради одбележување на 100 годишнината од Дојранската битка на Македонскиот фронт во I светска војна. Настанот се реализираше во склоп на 5 дневното…

Свеченост по повод испраќање на четвртата ротација во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан

Денес (10 јуни) во Здружената Оперативна Команда (ЗОК) се реализира свечен прием на припадниците на АРМ кои ќе бидат во состав на четвртата ротација на силите за обезбедување на главната команда на мисијата „Одлучна Поддршка“, во Кабул, Авганистан. За време на приемот, командантот на ЗОК, генерал мајор Васко Ѓурчиновски потенцираше дека од овој состав се…

Работен состанок на главните подофицери во ЗОК

Во касарната Илинден во Скопје, во организација на Главниот подофицер на ЗОК, главен наредник Љупчо Стојков, се одржа работен состанок со главните подофицери од бригадите и баталјоните од Здружената оперативна команда (ЗОК). Целта на состанокот беше анализа на состојбата на подофицерскиот кор и неговото функционирање, со акцент на идни предизвици како и подобрување и продлабочување…

Помен по повод 15 годишнината од загинувањето на припадници на безбедносните сили во Тетовско

По повод петнаесет годишнината од загинувањето на припадниците на безбедносните сили од гарнизонот Тетово во конфликтот во 2001 година, во касарната „Народен Херој Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово се реализираше одбележување на помен на загинатите и се положи свежо цвеќе пред спомен плочата која е поставена пред командата на гарнизонот Тетово во нивна чест. Припадниците на…

Тенковскиот баталјон го одбележа Денот на единицата

Со воена свеченост која се одржа денес во касарната „Чојлија“ во општина Петровец, припадниците на тенковскиот баталјон, го одбележаа 2-ри Јуни, Денот на единицата. На свеченоста покрај командантот на 1.мпбр бригаден генерал Зоран Милески, присуствуваа претставници од ГШ на АРМ, поранешните команданти на тенковскиот баталјон, командантите на единиците од составот на 1.мпбр, градоначалникот на општина…

Одбележување на помен во баталјонот за врски

На ден 31.05.2016 година (вторник), во 11.00 часот во касарната „Илинден„ во Скопје се одбележа 15 годишен помен на трагично загинатиот капетан Зоран Бубевски. Положувањето на свежо цвеќе се изврши пред спомен собата во касарната, а посветена во чест на трагично загинатиот капетан Зоран Бубевски во конфликтот во 2001 година. Во говорот пред присутните командантот…

Посета на тенковскиот баталјон од страна на претставници на Амбасадата на САД во Република Македонија

Делегација, предводена од одбранбеното аташе на Соединетите Американски Држави (САД) во Република Македонија, полковник Томас Батлер, реализира работна посета на тенковскиот баталјон. Целта на посетата беше ретроспектива на досегашната соработка која ја имаат вооружените сили на САД со единиците на АРМ (школувања, обуки и опрема) и разгледување на можностите за идна соработка. Од страна на…