Доброволно дарување на крв на припадниците на АРМ

Согласно на меморандумот за соработка на Министерството за Одбрана со Црвен Крст на Република Македонија и Институтот за трансфузиона медицина, во касарната „Јане Сандански“ во Штип се реализира акција за доброволно дарување на крв. Со пораката „Вашата крв ќе спаси еден живот“, припадниците од 2 механизиран пешадиски баталјон (2.мпб) во состав на прва механизирана пешадиска…

Одбележување на 27-ми Август „Денот на 3.механизиран пешадиски баталјон“

Денес, 26-ти Август 2016 година (петок), во касарната Н.Х. “Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово, со воена свеченост, припадниците на 3.механизиран пешадиски баталјон (3.мпб) го одбележаа „Денот на единицата“. На свеченоста присуствуваа командантот на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) биргаден генерал Зоран Милески, претставници од командата и потчинетите единици на ЗОК, 1.мпбр и 2.логистички баталјон (2.лб), поранешни команданти…

Свечен собир на вработените на ЗОК по повод Денот на Армијата на Република Македонија

Во касарната „Боро Менков“ во Куманово, пред зградата на Здружената оперативна команда се одбележа Денот на Армијата на Република Македонија со свечено постројување на вработените во Здружената оперативна команда. Пред присутните, Командантот на Здружената оперативна команда, генерал-мајорот Васко Ѓурчиновски одржа пригоден говор. Во говорот, тој истакна дека 24-тиот роденден на Армијата се одбележа симболично, во…

Одбележување на 15 години од загинувањето кај месноста Карпалак, Тетово на десет припадници од резервниот состав на артилерискиот баталјон

На ден 07.08.2016 година во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп со воена свеченост беа одбележани 15 години од загинувањето на десет припадници од резервниот состав на артилерискиот баталјон од Прилеп. Во 2001 година, на пат кон Тетово кај месноста Карпалак, загинаа капетанот во резерва Нане Наумоски, поручникот во резерва Сашо Китаноски и воените обврзници Бранко…

Успешна асистенција на припадниците на вбр при спречување на пожар

На ден 14.07.2016 година, Армијата на Република Македонија изврши гасење на шумскиот пожар во Националниот парк „Јасен”, во согласност со плановите за употреба на Армијата во поддршка на централната и локалната власт при справување со пожари. Веднаш после приемот на информацијата за настанатиот пожар, еден хеликоптер МИ 8/17 од составот на воздухопловната бригада, во периодот…

Посета на Здружената Оперативна Команда од страна на новиот Шеф на НАТО советодавниот тим во Скопје, Република Македонија

Во Здружената Оперативна Команда на Армијата на Република Македонија се реализира посета од страна на новиот Шеф на канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, Република Македонија, Капетан на морнарица Горазд Бартол од Република Словенија. За време на посетата, Шефот на канцеларијата за врски на НАТО во Скопје оствари работна средба со Командантот на Здружената…

Свеченост по повод примопредавање на должноста командант на 2.механизиран пешадиски баталјон

Во касарната „Јане Сандански“ – Штип со воена свеченост се изврши примопредавање на должноста командант на 2. механизиран пешадиски баталјон (2.мпб) од составот на 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр). Должноста командант на 2.мпб од потполковник Бранко Петкоски ја прими потполковник Горан Петрушевски кој на ова место доаѓа од должноста, началник на штаб воедно и заменик…

Работилница на тема: „Поправка и одржување на инженериски машини“

Во периодот од 20.06-25.06.2016 година во касарна „Илинден“ во Скопје се реализира работилница на тема: „Поправка и одржување на инженериски машини“ во соработка со Канцеларијата за билатерална соработка на Вооружените Сили (ВС) на САД. На работилницата, присуствуваа претставници од Националната гарда на Вермонт, САД и претставници на инженерискиот баталјон (инжб) од составот на 1.мпбр. По…