Показна вежба на тема „Тенковски вод во одбрана“

На ден 26.09.2017 година во командата на тенковскиот баталјон, во касарната Чојлија беше одржан редовниот месечен состанок на Командантот на 1. Механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) со командантите и командирите на потчинетите единица на бригадата. Во рамките на редовниот месечен состанок, по завршеното реферирање на командантите на потчинетите единици пред командантот на 1.мпбр, бригаден генерал Мирче…

Успешно реализиран испит за полагање на прва категорија на СБО

На ден 20.09.2017 година успешно е реализиран испит за полагање на прва категорија на стручна борбена оспособеност (СБО) со пилоти и техничар летач од составот на воздухопловната бригада (вбр). Имено потполковник Драган Павловски полагаше на тема „Процес на обука на пилоти од психолошки аспек“, потполковник Игорчо Стоименовски на тема „Квалитети и особини на инструктор и…

Одбележување на Денот на 2.механизиран пешадиски баталјон

Во касарната „Јане Сандански“ Штип, со воена свеченост припадниците од 2. механизиран пешадиски баталјон (2.мпб) од составот на 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), го одбележаа Денот на единицата „17 Септември“, денот кога е формирана 14-та Младинско македонска народноослободителна ударна бригада (ММНОУ) во 1944 година во селото Митрашинци во близината на Берово. На свеченоста присуствуваа командантот…

Одбележување на Денот на бПВО

Во касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец се одржа свеченост по повод одбележувањето на денот на баталјонот за против-воздушна одбрана (бПВО) од составот на воздухопловната бригада (вбр). На свеченоста присуствуваше командантот на Здружената Оперативна Команда (ЗОК) бригаден генерал, Зоран Милески, командантот на воздухопловната бригада, началници на секции и команданти на потчинетите единици на вбр, поранешни…

Реализација на Финалната Координативна Конференција за вежбата „Македонски Блесок – 13 / Здружена Реакција – 17“

Во Центарот за поддршка на обуката (ЦПО) Пепелиште во период од 04-07.09.2017 година се реализираше Финалната Координативна Конференција (ФКК) за вежбата „Македонски Блесок – 13 / Здружена Реакција – 17“. Во текот на работата на конференцијата одреден е терминот и местото за реализација на „Денот на високи гости“ на кој учесниците на вежбата ќе имаат…

Месечно реферирање на командантите и командите на потчинетите единици на командантот на ЗОК

Во складот „Еребино“ во Тетово се одржа месечното реферирање за борбената готовност од страна на командантите и командите на потчинетите единици, кои му реферираа на командантот на ЗОК, бригадниот генерал Зоран Милески, за организација и реализацијата на плановите, достигнувањата во обуката и останатите сегменти од работата на единиците кои имаат директно влијание на борбена готовност.…

Средба со штабните офицери од мисијата „Одлучна поддршка“ во командата Север

Заменик на командантот на ЗОК, бригаден генерал Павле Арсоски оствари средба со штабните офицери на АРМ кои заминуваат во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан, а ќе бидат распоредени во Мазар е Шариф во рамките на Командата за обука, советување и асистенција – Север. Генералот Арсоски посакувајќи им успешна и безбедна работа на штабните офицери, нагласи…

Примопредавање на должноста Командант на сквадрон за воздухопловно техничко одржување

Во касарната „Н.Х. Страшо Пинџур“ во Петровец се одржа свеченост по повод примопредавањето на должноста командант на сквадронот за воздухопловно техничко одржување (СВТОд) од воздухопловната бригада (вбр). На свеченоста покрај заменик командантот на вбр полковник Заим Шкријељ присуствуваа и командантите на потчинетите единици и началниците на секции во вбр. Заменик Командантот на вбр во своето…

Одбележување на 27-ми Август „Денот на 3.механизиран пешадиски баталјон“

Во касарната „Н.Х. Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово, со воена свеченост, припадниците на 3.механизиран пешадиски баталјон (3.мпб) го одбележаа денот на единицата. На свеченоста присуствуваа заменик командантот на здружената оперативна команда (ЗОК), бригаден генерал Павле Арсоски, командантот на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, команданти на потчинети единици и началници на секции од 1.мпбр,…