Oбука во теренски услови со Декларираната чета од баталјонот на Воена Полиција

Во периодот од 14 до 18.05.2018 година на АП Криволак декларираната чета од составот на баталјонот на Воена Полиција реализира обука во теренски услови и програмски гаѓања. За време на теренската обука се реализирани командирски гаѓања со одделенија (КГО) од декларираната чета и гаѓања со вежбовен рачен ракетен фрлач (ВРРФ 64 мм). Цел на гаѓањата…

Свечено примопредавање на должност Началник на штаб во Здружената оперативна команда

Денес, 17.05.2018 година во Здружената оперативна команда (ЗОК), се реализира примопредавање на должноста началник на штаб во ЗОК помеѓу бригаден генерал Азим Нуредин кој досега ја извршуваше должноста и новопоставениот на оваа должност бригаден генерал Орце Јордев. На свеченоста пред дел од клучниот персонал на ЗОК со пригодни говори се обратија: бригаден генерал Азим Нуредин…

Посета на Командантот на 15. инженериски баталјон на Армијата на САД во Европа на инженерискиот баталјон

Командантот на 15. инженериски баталјон на Армијата на САД, стациониран во Европа (USAREUR), потполковник Џон Мекнамара, во придружба на главниот наредник и претставник од Канцеларијата за одбранбена соработка на САД, во Република Македонија престојува во дводневна работна посета на инженерискиот баталјон (инжб) од составот на првата механизирана пешадиска бригада. Пред присутните се презентираше организациско-формациската структура…

Прва припадничка на АРМ, поставена за командир на механизирана пешадиска чета

Во првата механизирана пешадиска бригада за првпат должноста командир на една механизирана пешадиска чета ќе ја извршува припадник на Армијата на Република Македонија, од женскиот пол. Со денешниот прием на должност командир на првата чета во првиот механизиран пешадиски баталјон (1/1.мпб), поручник Александра Бошковска стана прва припадничка, во 26 годишното постоење на АРМ, која ќе…

Припадниците на АРМ го завршија учеството на меѓународната вежба „ЕФЕС-18“

Со вчерашните активности на денот за истакнати гости, на кој присуствуваше и заменик на началникот на ГШ на АРМ, генерал мајор Мухамет Рацај заврши учеството на припадниците на АРМ во состав од еден вод од првиот механизиран пешадиски баталјон од првата механизирана пешадиска бригада, на меѓународната вежба „ЕФЕС-18“ кој се изведуваше во реонот на Измир,…

Артилериско боево гаѓање со повеќецевен фрлач на ракети 128 мм

На 10 мај 2018 година на армискиот полигон „Криволак“, припадниците на артилерискиот баталјон реализираа артилериско боево гаѓање со повеќецевен фрлач на ракети 128 мм (ПЦФР 128 мм). Целта на изведувањето на боевото гаѓање е војниците и единиците да ја научат техниката за изведување на гаѓање и правилна примена на одредбите на Артилериското правило за гаѓање…

Главна планирачка конференција за вежбата „Македонски Блесок-14“

Во период од 7 до 11.05.2018 година, во центарот за обука (ЦО) „Пепелиште“, се одржа Главната планирачка конференција (ГПК) за вежбата „Македонски Блесок-14“, како дел од планирачкиот процес за претстојната вежба која ќе се реализира на средина на месец октомври на АП „Криволак“ и во центарот за обука „Пепелиште“. По воведниот и поздравниот збор од…

Одбележување на патрониот празник на касарната „Јане Сандански“ во Штип

Денес во касарната во Штип, со полагање на свeжо цвеќе пред бистата на големиот македонски револуционер Јане Сандански, од страна на делегации на Здружената оперативна команда (ЗОК), 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), 2. механизиран пешадиски баталјон (2.мпб), градоначалници од зоната на одговорност на 2.мпб, како и од претставници на здруженија од градот Штип, беше одбележан патрониот…

Обука во јазење на припадниците од водот за специјални намени од воздухопловната бригада

Припадниците од водот за специјални намени (всн) од составот на воздухопловната бригада (вбр) во период од 17 – 23.04.2018 година реализираат обука во јазење во реонот на Демир Капија. Обуката се реализира согласно годишниот план за обука на единицата. Основната цел на истата е оспособување на припадниците од составот на всн за извршување на мисии…