Компјутерска симулациона вежба со штабот и командирите на чети од 3/1.мпбр

Денес, во Центарот за симулации во Командата за Обука и Доктрини (КОД) во Велес, 3.механизиран пешадиски баталјон (3.мпб) од составот на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), ја заврши тридневната компјутерска симулациона вежба „Механизиран пешадиски баталјон во одбрана“. Покрај припадниците на 3.мпб во вежбата учествуваше и персонал од Центарот за симулации, главно оператори на системот за симулации.…

Иницијална планирачка конференција за вежбата „Македонски Блесок – 14“

Во период од 26.02. до 02.03 2018 година, во Центарот за обука (ЦО) Пепелиште се реализираше Иницијалната планирачка конференција (ИПК) за вежбата  „Македонски Блесок – 14“. Планирањето на вежбата се реализираше врз основа на Планот за оценување на декларираните единици по Концептот за оперативни способности и Директивата за планирање на вежби Bi-SCD 75-003. За време…

Обука во зимски услови на припадниците од водот за специјални намени

Припадниците од водот за специјални намени (всн) од составот на воздухопловната бригада (вбр) во период од 20–26.02.2018 година реализираа обука во зимски услови на падините на Шар Планина. Обуката се реализира според годишниот план за обука на единицата. Основната цел на обуката е оспособување на припадниците од составот на всн за мисии во зимски услови…

Реализација на вежба со боеви минско експлозивни средства во зимски услови

Припадници од инженерискиот баталјон (инжб) на полигонот за инженериска обука во „Стенковец“ организира и реализира Вежба 1/2: „Изработка и палење на експлозивно полнење со бавногорлива запалка“. На неа учествуваа припадниците на инжб и питомците од родот инженерија од трета година на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ – Скопје. Вежбата е во согласност со Годишниот календар…

Одбележан „26-ти Февруари – Денот на 1.мпб“

Во касарната „Боро Менков“ во Куманово, припадниците на 1 механизиран пешадиски баталјон (1.мпб) го одбележаа „26-ти Февруари, Денот на единицата“, денот кога е формирана Третата Македонска Ударна Бригада во с. Жегљане, Куманово. На свеченоста присуствуваа, командантот на здружената оперативна команда (ЗОК) генерал-мајор Зоран Милески, заменикот на командантот на ЗОК бригаден генерал Павле Арсоски, началникот на…

Одбележување на патронатот во касарната „Народен херој Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово

Со полагање на свежо цвеќе пред бистата на народниот херој Кузман Јосифовски – Питу, во касарната во Тетово, беше одбележан патронатот на касарната. На одбележувањето, присуствуваа Заменик командантот на 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), полковник Марјан Симоновски, претставници од 1.мпбр, команданти и командири од други единици на АРМ, претставници од државните институции, локалната самоуправа, сојузи,…

Надополнување на знаењата на припадниците на АРМ од силите за обезбедување на главниот штаб на мисијата „Одлучна поддршка“

Припадниците на АРМ од силите за обезбедување на главниот штаб на мисијата „Одлучна поддршка“ во Кабул, ИР Авганистан, покрај извршувањето на зададените задачи во склоп на должностите за обезбедување на Главниот штаб, заедно со своите колеги од Армијата на САД, во изминатиот период учествуваа во обука и извежбување за поуспешно извршување на доделените задачи во…

Семинар за размена на искуства од доменот на артилеријата

Во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, на 07 и 08 февруари, согласно годишниот План за работа на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), се реализира дводневен семинар за размена на искуства од доменот на артилеријата. Учесници на семинарот се старешини (офицери и подофицери) од артилерискиот баталјон и артилериските единици од составот на пешадиските баталјони на 1.мпбр, како…

Обука во зимски услови на потчинетите единици на Здружената оперативна команда

Припадниците на оклопно извидувачките водови од механизираните пешадиски баталјони и инженериско извидувачкото одделение од инженерискиот баталјон на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), како и четата на воена полиција од баталјонот на воена полиција од составот на Здружената оперативна команда, изведуваат повеќедневна обука на терените за обука во зимски услови на планината Плачковица и Шар Планина. После…