Билатерална вежба „Предизвик 18“

Во период од 28.09. до 07.10.2018 година на армискиот полигон (АП) „Криволак“, во касарната „НХ Страшо Пинџур“ и кампот за обука „Пепелиште“ ќе се реализира билатералната вежба „Предизвик 18“. Вежбата „Предизвик 2018“ е осма по ред од ваков вид, која на АП „Криволак“ заедно ја изведуваат припадници на АРМ и припадници на вооружените сили на…

Показна вежба „Насилен премин преку водени пречки“

Припадниците на инженерискиот баталјон, од 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), пред командата и штабот, началниците на секции, командантите на баталјони и командири на чети од 1.мпбр, изведоа показна вежба „Насилен премин преку водени пречки“, на армискиот полигон Криволак, на делот од реката Вардар која претставува една од најголемите природни водени пречки во Република Македонија. Показната вежба…

Протоколарна средба на Шефот на канцеларијата за врски со НАТО во Република Македонија со командантот на ЗОК

Командантот на Здружената оперативна команда (ЗОК) генерал-мајор Павле Арсоски оствари протоколарна проштална средба со Шефот на Канцеларијата за врски со НАТО во Република Македонија, морнарички капетан Горазд Бартол. Генералот Арсоски искажа благодарност на капетан Бартол за досегашната успешна соработка и за сето она што тој лично и неговиот тим го направија за ЗОК и АРМ…

Курс за медицински менаџмент при АБХО

Во период од 17 до 21.09.2018 година за припадниците на АРМ и цивилните припадници на ДЗС, ЦУК, Министерство за Здравство и Против Пожарна Бригада, а од страна на инструкторите од Агенцијата за намалување на заканите во одбраната од САД се одржа курс за менаџирање со пациенти по нуклеарен, хемиски и биолошки напад. Активноста се реализираше…

Враќање на борбените хеликоптери во оперативна употреба

Сквадронот на борбени хеликоптери (сбх), пилотите на хеликоптерите Ми-24, и техничкиот персонал за одржување и опслужување, на ден 20.09.2018 година, во оперативна употреба ги стави двата ремонтирани хеликоптери Ми-24, од воздухопловната бригада (вбр), Петровец. По подолго време пилотите конечно тренажерот од типот М-24 го заменија со хеликоптер Ми-24, а со тоа значително е зголемена борбената…

На армискиот полигонот „Криволак“ успешно реализирани водни и четно боево гаѓање со втора пешадиска чета од 3.мпб

Во период од 17 до 21 септември 2018 година на АП „Криволак“, дел од штабот на 3. механизиран пешадиски баталјон, 2.механизирана пешадиска чета (2.мпч) и минофрлачката батерија 120 мм (мфб 120 мм), реализираа стационарно логорување и изведоа Тактичката вежба со оклопни борбени возила на пешадија (БМП 2), боево гаѓање (ТВБГ) со чета како и артилериско…

Учество на Командантот на ЗОК на 5-тиот Форум на команданти на Европските Копнени Сили

Командантот на Здружената оперативна команда (ЗОК), генерал-мајор Павле Арсоски, во период од 16 до 19 септември 2018 година, на покана на Австриската команда на копнените сили, учествуваше на 5-тиот Форум на Команданти на Европските Копнени Сили во Грац, Република Австрија. За време на конференцијата беа реализирани 3 Конференциски сесии во аудиториумот на Стариот универзитет во…

Посета на главниот подофицер на националната гарда на Вермонт на баталјонот на Воена полиција

Согласно активностите од програмата за посета на главниот подофицер на националната гарда на Вермонт, во касарната „Илинден“, командантот на баталјонот на Воена полиција, потполковник Кире Николовски, во работна посета на единицата го прими главниот наредник Тоби Квик, главен подофицер на националната гарда на Вермонт, придружуван од главниот подофицер на Армијата на Република Македонија, главниот наредник…

Иницијална планирачка конференција за вежбата „Одлучен удар“ (Decisive Strike)

Во период од 15 до 19.09.2018 година, во центарот за обука (ЦО) „Пепелиште“, како и на ВА „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, се одржа иницијалната планирачка конференција (ИПК) за вежбата „Одлучен удар“ (Decisive Strike). Вежбата е дел од поширокиот контекст на вежби на Црноморскиот и Балканскиот регион, предводени од Армијата на САД во Европа. Оваа…