Припадници од воздухопловната бригада го завршија учеството на вежбата „Adriatic Strike 18“

Припадници од воздухопловната бригада со еден хеликоптер Ми-17, го завршија учеството на вежбата „Adriatic Strike 18 / Јадрански удар 18, која се одржа во периодот од 31.05 до 10.06.2018 година на повеќе полигони во Република Словенија. На вежбата учествуваа 25 држави од кои 20 се НАТО членки (Албанија, Белгија, Чешка, Црна Гора, Данска, Естонија, Франција,…

Санирање на последиците од невремето во МО на РМ и ГШ на АРМ

Невремето со силен ветер и дожд, што го зафати градот Скопје во сабота 09.06.2018 година, за кратко време предизвика огромни штети во одредени делови од главниот град на Република Македонија, откорнати дрвја, разрушени кровови, оштетени автомобили од испаѓаните дрвја и поплави насекаде. И во кругот на зградата на Министерството за Одбрана и Генералштабот на Армијата…

Помен во чест на загинатите припадници од тенковскиот баталјон

Денес, 8 јуни 2018 година, во касарната „Чојлија“ во Петровец, припадниците на тенковскиот баталјон одбележаа 17 години од загинувањето на припадниците од тенковскиот баталјон во конфликтот во 2001 година. Денот на загинувањето на капетанот Синиша Стоилов и војникот Фејзо Џељадиновски беше одбележан со полагање на свежо цвеќе пред спомен плочата, која е поставена во кругот…

Работилница за спецификација на документи за вежбата „Одлучен удар“

Во период од 04 до 08.06.2018 година, во центарот за обука (ЦО) „Пепелиште“, се одржа Работилница за спецификација за вежбата „Одлучен удар“, како прва од планирачкиот процес за претстојната вежба која ќе се реализира  наредната година во месеците јуни и јули на АП „Криволак“ и во центарот за обука „Пепелиште“, како дел од вежбата на…

Обука „Исхрана во природа со пребазирање“ во 1.мпбр

На почетокот на јуни, согласно годишниот план за обука за 2018 година, на терените на Осоговските планини и Плачковица, припадниците на оклопно извидувачките водови од потчинетите единици на 1.механизирана пешадиска бригада (1. и 2. механизиран пешадиски баталјон, командна чета и инженериски баталјон), со менување на локации реализираа обука „исхрана во природа“. Целта на оваа подвижно…

Месечно реферирање на командите и единиците во ЗОК

Во воздухопловната бригада во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, се реализира реферирање на потчинетите единици на Здружената оперативна команда (ЗОК) за статусот на борбената готовност за месец мај 2018 година. Командантите на потчинетите единици му реферираа на командантот на ЗОК, бригадниот генерал Павле Арсоски, за достигнувањата, реализацијата на плановите, задачите, активностите, обуката и останатите сегменти…

Одбележани 17 години од загинувањето на припадници на безбедносните сили во Тетовско

Во касарната „Народен Херој Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово, со полагање свежо цвеќе пред спомен плочата пред командата на гарнизонот Тетово се одбележаа седумнаесет години од загинувањето во конфликтот во 2001 година на припадници на безбедносните сили од гарнизонот Тетово. Припадниците на АРМ вработени во гарнизонот Тетово, достојно оддадоа почит кон ликот и делото на загинатите,…

Одбележување на Денот на тенковскиот баталјон

Денес во касарната „Чојлија“ во гарнизон Петровец со воена свеченост беше одбележан „2.Јуни-Денот на тенковскиот баталјон“. На свеченоста, покрај командантот на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, присуствуваа и претставници од Генералштабот на АРМ (ГШ на АРМ), Здружената оперативна команда (ЗОК), поранешните команданти на тенковскиот баталјон, командантите на потчинетите единици на 1.мпбр, претставници…

Асоцијација на одбранбени аташеи акредитирани за Република Македонија во посета на артилерискиот баталјон

Согласно Програмата за соработка на Асоцијација на одбранбени аташеи (АОА) акредитирани за Република Македонија за 2018 година, на ден 31.05.2018 година беше реализирана посета на артилерискиот баталјон (артб) од составот на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр). Одбранбените аташеи преку видео презентација беа запознаени со мисијата, составот, пополната и опременоста на 1.мпбр и артб. Во рамките на…